Левицата: Скандалот со функционерите на ДУИ покажува дека и оваа власт сака да избегне политичка одговорност

Од:

Само недела дена откако генералниот секретар на НАТО ја пофали Република Македонија за напредокот во реформите и владеењето на правото, уште еден скандал ја потресе коалицијата на СДСМ и ДУИ, каде што тројца фунцкионери од ДУИ незаконски добиле наставно-научни звања на Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово, велат од Левицата.

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски, додаваат од партијата, кој го откри скандалот, денес во своето писмо до јавноста објави дека добивал закани од директорот на Државниот просветен инспекторат за да не го открива очигледното кршење на законот од страна на владините функционери. Според Левицата, евидентно е дека и оваа владејачка коалиција се обидува да ги скрие скандалите користејќи и закани, само за да избегне политичка одговорност за корумпираните фунцкионери од своите редови.

„Еден од нив е актуелниот министер за образование, Арбер Адеми, кој го доби ресорот образование по неговите катастрофални резултати како министер за култура. Скандалозно е што највисоката инстанца како министер ги крши и злоупотребува законите за своја лична корист наместо да ги унапредува образованието и просветната дејност, кои системски се уништени токму поради партиски дилови помеѓу сите досегашни владејачки партии. Образованието, како и сите други јавни дејности, е претворено во биро за непотизам и корупција, чија единствена цел е да се задоволат лукративните интереси на клиентилистичките партии, а на штета на квалитетот, стручноста и професионалноста на образовната дејност“, велат од партијата.

Од таму сметаат дека метлата треба да почне токму со оставка на министерот за образование, Арбер Адеми, заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нихиу, и директорот на индустриска сопственост, Сафет Емрули.

„И покрај пофалбите за нелегитимната промена на името од западните бирократи и наводните реформи на оваа власт, овие две години македонските граѓани постојано сведочат за злоупотреба на законите и Уставот, партизирано судство и институции и заштита од одговорност на партиските корумпирани функционери. Режимот не е паднат, тој е продолжен и надграден со поддршката на НАТО-сојузот и европските бирократи“, велат од Левицата.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо нови автобуси во ЈСП, нови автобуси добија приватните превозници

А1он

Левица: Случајот Стоилев ја откри корупцијата во земјоделството преку ИПАРД програмите

А1он

ВРЕДИ: Реформата на ДУИ почнува и завршува со Блерим Беџети

Мециновиќ: Ако се случи победата, ќе биде натпартиска – jа видовме можеби најпрљавата кампања во историјата на Македонија

А1он

Мециновиќ: По првиот круг системот прокрваре – во вториот круг може да го добие конечниот удар, ако ние тоа го преточиме во одлука

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Али Експрес левичарите си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат