Левицата: Радикално кратење на земјоделските субвенции

Од:

Со усвојувањето на новата програма за унапредување и поддршка на македонскиот аграр од страна на Владата, сведоци сме дека оваа таканаречена програма не нуди ни унапредување ни поддршка, а ни развој на домашното земјоделско производство на храна, се вели во соопштението од Левица.

– Ова е уште една капка што веќе ја прелива чашата на неиздржливост, која радикално десничарската реакционерна партија ДПМНЕ им ја сервира на македонските земјоделци во овие неполни две години власт. Партијата позната по криминалот и корупцијата, по луксузот што си го уживаат нејзините функционери платени од парите на работниците, реши да ги скрати земјоделските субвенции за цели 40 милиони евра, од 140 на 100 милиони евра, пари што сега нема да отидат кај земјоделците, туку партијата ќе си ги троши за свои потреби.

И оваа е уште една од вестите за катастрофата што ѝ се случува на нашата земја и на домашното производство на храна по веста дека во 2025 година имаме рекорден увоз на храна од над 1,1 милијарда евра, односно речиси 600 милиони евра трговски дефицит кај храната, пари што, наместо кај домашните земјоделци, завршија кај странските корпорации и трговците блиски до партијата на власт. Затоа, за да се спречи пропаста на нашето земјоделско производство и да се заштитат земјоделците што од чесни производители на храна оваа Влада има намера од нив да направи социјални случаи, апелираме на будност и спремност, на неопходно организирање и преземање на работите и на судбината во свои раце, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

Левица: Предлози за крај на дискриминаторската социјална политика и здравствена заштита за сите

Левица: Со Ристов на чело РКЕ ќе остане инструмент во рацете на бизнис – политичките структури

Почина Кирил Слезенковски – советник од Левица во општина Илинден

А1он