Левица: ЗНАМ го штити грабежот – ги избраа патните трошоци наместо народот

Од:

Соопштението на ЗНАМ со кое обзнанија дека на утрешната седница нема да го поддржат предлогот на пратеничката група на Левица за кратење на патните трошоци, го цениме како крајно арогантен и расипнички. Анонимните пратеници од ЗНАМ повторно докажуваат дека во Собранието учествуваат само за лични бенефити наместо за позитивни решенија.

ЗНАМ со своето соопштение покажува дека е само уште еден приврзок на корумпираниот систем. Наместо да дадат безрезервна поддршка за кратење на патните трошоци, тие го релативизираат проблемот и волјата на народот. Со тоа, само докажуваат дека штом ќе им се укаже шанса, ќе ги искористат механизмите за лично богатење на грбот на граѓаните.

Нивниот став дека нема да поддржат ниту еден предлог кој доаѓа од Левица ја докажува нивната ароганција и не почитување на демократските принципи, односно игнорирање на 70.000 граѓани коишто гласале за Левица на последните парламентарни избори.

Иако пратениците од ЗНАМ се непознати за јавноста, тие веќе активно ги користат патните трошоци и покрај високата пратеничка плата. Ова е уште еден доказ дека нивните наводни ‘принципи’ се само празни зборови за јавноста додека во реалноста уживаат во привилегиите. Дополнително, потсетуваме дека пратеничката Весна Бендевска, сега дел од ЗНАМ, како поранешна пратеничка од СДСМ беше меѓу рекордерите по наплатени патни трошоци.

Нивните понудени „решенија“ и активност како пратеници се сведува само на неразумниот предлог за воведување на трет директор на Царина.

Ги повикуваме пратениците да се вразумат, конечно да одработат согласно волјата на народот и на утрешната седница на Собранието да го изгласаат законското решение предложено од Левица за кратење на патните трошоци и прекинување на злоупотребите на народниот буџет, велат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ не бара договор, туку алиби зошто повторно нема една изборна единица

Мицкоски ги прекори опозициските партии дека и по неколку дена не усогласиле став за Изборниот законик, СДСМ експресно му одговори

(ВИДЕО) Мециновиќ: Уставниот суд сака да го потврди авторитаризмот на власта преку Изборниот законик

Уставен суд утре ќе расправа по иницијативата на „Левица“ за одредбите за политичко рекламирање во Изборниот законик

Катерина Ѓуровски

Вкупно 14 пожари на отворено, два сѐ уште активни

ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари