Левица: Заробен систем – Гаши над Уставот благодарение на ДПМНЕ и ЗНАМ

Од:

Политичарите од елитата се над законите, а оние од партиите на албанското малцинство и над Уставот! Ова е заробен систем без трага на владеење на правото. Покрај прекршувањето на највисокиот правен акт, Деловникот на Собранието и низата други настани со политички и кривични импликации – мнозинството ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ со ДУИ го издигнаа спикерот Гаши над правниот поредок, велат од Левица.

„Овој бесрамен чин на антидржавно и антидемократско однесување мнозинството го надополни со примитивни, фашизоидни и манипулативни напади полни со омраза и етикетирање наместо да се осврнат на интерпелацијата. Фашизоидноста на ВРЕДИ, со поддршката која ја добиваат од 64 пратеници на ДПМНЕ и ЗНАМ ја загрозува хармонијата и сигурноста во општеството.

Изразениот антимакедонизам и шовинизам кон сите различни етнички групи во Република Македонија, како и елитизмот заедно со неказнивоста преку Гаши и ВРЕДИ ни покажаа дека оваа Влада нема ниту една одлука да донесе за зајакнување на националните позиции и во корист на националните интереси“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Бендевска: Црвениот аларм е вклучен – потребни се итни мерки против семејното насилство

Семејното насилство не е приватен проблем: АФЖ – Левица со работна средба за сеопфатен систем на заштита

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?