Левица: За незаконската донација од „Еуровиа” на ДУИ му следи суспензија на државното финансирање

Од:

Скандалот со добиениот тендер во вредност од 1.8 милиони евра на фирмата „Еуровиа”, која е донатор на ДУИ, ја потврди заштитата од органите на прогонот на партијата на Ахмети. Оваа компанија, која е во сопственост на внук на поранешен министер на ДУИ, само во последниве пет години добила тендери во вредност од 16 милиони евра велат од Левица.

– Покрај сомнежите за корупција при добивање на тендерот за оваа компанија-миленик на ДУИ, незаконитост има и во висината на донациите од страна на „Еуровиа”. Односно, износот на донацијата изнесува шест пати повеќе од законскиот максимум за донација. Законот за финансирање на партии предвидува политичката партија најдоцна во рок од 15 дена од денот на добивањето на донацијата, разликата меѓу дозволената и донираната вредност да ја врати на донаторот. Доколку ДУИ не постапиле согласно овој закон, Законот предвидува суспензија на државното финансирање која го добива партијата, која во мај доби 600.000 евра од Буџетот на Република Македонија. Манипулациите на министерот Османи се потценувачки за јавноста, кој изјави дека не знаел дека се работи за компанија – донатор на ДУИ, за подоцна да се појави заедничка слика со сопственикот Елмедин Адеми. Бидејќи неколку дена од ДУИ одбиваат да одговорат дали е вратена незаконската донација, оправдани се сомнежите дека и во овој скандал институциите не постапиле согласно законите. Левица го повикува Државниот завод за ревизија да постапи согласно своите законски надлежности и да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка или пријава до Обвинителство согласно законот – во спротивно, Левица ќе поднесе со цел доследно спроведување на законот. Јасно е дека неказнивоста на ДУИ е најголем генератор на криминал и корупција, додека нивната заштита од органите на прогонот резултира со држава која е претворена во хибриден режим, каде компаниите блиски на ДУИ го цедат буџетот финансиран од џебот на сиромашните граѓани. се вели во соопштението од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Нашите советници не гласаа за буџетот на Град Скопје за 2026 година

ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ имале и кревети во канцеларијата, објави Стоилковиќ

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Мицкоски: ДУИ треба да им се извини на граѓаните Албанци што нивната влада побара да се избрише Балансерот

Горан Наумовски

ДУИ обвинува: Политички притисок преку отпуштања во Министерството за односи меѓу заедниците

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица