Левица: ВРЕДИ го озаконува балансерот – ДПМНЕ и ЗНАМ соучесници во процесот на федерализација

Од:

Наместо според критериуми, државата продолжува да вработува според етникуми. Етничкиот признак останува поважен од професионалноста. Покрај јазичната, институционалната федерализација е следната најголема опасност која го загрозува унитарниот карактер на државата. Во интерес на коалицијата, ДПМНЕ и ЗНАМ отстапуваат од националните интереси за сметка на балистичките апетити на коалицискиот партнер, велат од Левица.

„Уставниот суд го укина балансерот, но за алчните апетити од коалицијата на власт тоа е небитно. Најавувањето на „Закон за балансер“ е одлична алатка за задоволување на балистичката пропаганда на ВРЕДИ. Додека тие од позиција на власт најавуваат ново погазување на Уставот и одлуките на Уставниот суд, Мицковски и Димитриевски немо набљудуваат како коалицискиот партнер преку етнизација на институциите ги поткопуваат националните интереси и унитарниот карактер на државата.

ДПМНЕ иако убедуваше како нема да се носат закони за етнички вработувања, претходно веќе ретерираше пред коалицискиот партнер и на предлог на ДУИ изгласаа формирање собраниска Комисија за правична застапеност. Во последица на ова Собранието да ја задолжи Владата да изработи акциски план за правична застапеност на етничките заедници во администрацијата. Единствената придобивка од оваа етнизација на институциите е најавата за нова тура ухлебување партиски кадри од редовите на ДУИ и ВРЕДИ.

Во отсуство на реална политика, ВРЕДИ и ДУИ се натпреваруваат во тоа кој ќе испорача посилни националистички барања. Левица категорично го отфрла барањето на ВРЕДИ за озаконување на балансерот. Политиката на сегрегација на општеството е спротивна на препораките од Европската унија, којашто во последниот извештај оцени загрозување на ефикасноста на институциите поради рамковниот балансер. Затоа ги повикуваме сите релевантни политички партии да ги отфрлат шовинистичките барања од коалицијата на Меџити, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Прикриената смрт на новороденчето на ГАК аларм за колапс на здравството

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Левица: Ќе доставиме докази до ДКСК за Томовски и фирмата „Сити Аутсорсинг”

(ВИДЕО) Костовски: „Зимзоленд“ продолжува да работи и покрај утврдените неправилности и опасност по безбедноста

Левица: Ѓорѓиевски продолжува со скандалозни назначувања – партиски кадар со криминално досие на чело на Зоолошка

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Горан Наумовски