Левица: Вработените без плати, Алиу без одговори – Кој ја „пере“ пералната на Клинички

Од:

Штрајкот на вработените во пералната на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ е аларм за целосен распад на јавното здравство. Болниците се во хаос, операциите доцнат, недостасува чиста облека, а пациентите се под ризик на зараза. На сето ова министерот за здравство, Азир Алиу, останува целосно пасивен и без конкретни одговори, велат од Левица.

– Клучното прашање, кое останува неодговорено, е кој и како управува со пералната на Клиничкиот центар? Дали тоа е приватната фирма „Скопстер“, позната по енормно високите цени и протуркана од поранешниот министер Арбен Таравари, и покрај отпорот на клиниките? Или, пак, тоа е во надлежност на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР)? Додека двете страни си ја префрлаат одговорноста, вработените се оставени без плати, без здравствено осигурување, без уплатени придонеси и со неизвесна иднина.

Во ваквото административно „перење раце“, се отвора сомнеж дека вистинската „перална“ се наоѓа токму во односите меѓу овие две институции кои си фактурираат високи суми за услуги, додека интересите на пациентите и вработените се последна грижа.

Во исто време владата предводена од Христијан Мицкоски најавува ново скандалозно задолжување со уште една милијарда евра кредит. И покрај тоа, резултатите на владејачката коалиција во областа на здравството се поразителни – нема нови инвестиции, нема капитални проекти, нема реформи.

Наместо јасна стратегија и модернизација на инфраструктурата, сите досегашни власти бараат начини за постепена приватизација на здравството, мотивирани од лични и партиски интереси. Инвестиција во современа перална и стерилизација, по примерот на онаа на Клиниката за гинекологија и акушерство, би значела намалени трошоци, помал број на интрахоспитални инфекции, пократок престој на пациентите во болниците и навремен третман без доцнење на операциите поради недостиг на чиста облека. Ова решение е далеку поекономично и поефикасно од сомнителните јавно-приватни партнерства, чија вистинска корист за здравјето на пациентите е дискутабилна.

Очигледно е дека партиите на олигархијата свесно го рушат јавното здравство за да создадат простор за профит во приватниот сектор, каде што цените се енормни. На крајот, најголемата штета ја плаќаат граѓаните, кои цел живот издвојувале средства за здравствениот фонд, а сега се принудени да плаќаат скапи услуги во приватни болници, се вели во соопштенето од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Владата во служба на финансиските елити – рекордни добивки за банките, беда за народот

А1он

(ВИДЕО) Апасиев до Гаши: Со месеци ја држите во фиока информацијата по претставката на родителите од Кочани

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ: Оваа шарада на демократија на власта ќе добива се полоши оценки во извештаите на Европската Комисија

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ ни го одби амандманот за проширување или зголемување на додатокот за туѓа нега

Вишиот управен суд ја одби жалбата на Левица за изборното рекламирање

(ВИДЕО) Левица: ВМРО-ДПМНЕ ни го одби амандманот за ин-витро ваучери

Горан Наумовски