Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Од:

Во самото јадро на Старата струшка чаршија, кај поранешниот клуб „Холивуд“, интензивно се вршат градежни активности, без поставена информативна табла согласно Законот за градење! Сомнежите се дека се узурпира државен имот и дека инвеститорот воопшто нема одобрение за градба. Старата струшка чаршија постојано е под напад на урбанистичката мафија и нејзиниот лик е целосно променет, додека надлежните инспекторати никаде ги нема на терен, велат од Левица.

„Ги повикуваме советниците во Советот на општина Струга од ВМРО ДПМНЕ О.К Струга и СДСМ Струга да реагираат за конкретниот објект и да побараат информација дали воопшто инвеститорот има одобрение за градба. Левица ќе поднесе иницијатива за вонреден инспекциски надзор со цел да се констатира фактичката состојба на терен. Дополнително, ќе алармираме и до Државниот правобранител за сомнежите дека се узурпира државен имот во срцето на струшката чаршија. Јавно прашуваме – дали и новата власт ќе го дозволи дивеењето на урбанистичката мафија“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Крмов: Левица ќе поднесе интерпелација за антикорупционерката Цвета Ристовска

А1он

Левица со Предлог – закон за департизација и искоренување на непотизмот во јавното здравство

Мециновиќ: Влада фокусирана на олигархијата, глува за сиромаштијата

Левица: Не е точно дека Цвета Ристовска од Антикорупциската комисија немала обврска да ја пријави фирмата на нејзиниот син во анкетниот лист

Левица: Министерот – глумец контра правата на културните работници

(ВИДЕО) Мециновиќ: Левица ќе поднесе два закони против неправдите во јавното здравство и дискриминацијата на бремените работнички