Левица: Во декември да гласаме и против режимот и против нашето осиромашување!

Од:

„Во ситуација на огромно незадоволство на народот од режимот, со потпишувањето на Пржино 2 беше пропуштена шансата да му се зададе посилен удар на режимот, кој веќе е силно разнишан. Пропуштено беше да се обезбедат сите потребни услови изборите да бидат фер, т.е. да се одржат во атмосфера на владеење на правото, со криминалците зад решетки, со функционални непартизирани институции, без злоупотреби на јавните ресурси за купување на гласови. За жал, договорот кој го потпиша „Големата Четворка“ не ги обезбедува овие услови, што на режимот му дава можност повторно да ја искривува волјата на граѓаните.

Сепак, тоа што изборите во декември нема да бидат целосно фер не значи дека треба да се предадеме. Можеме да го победиме режимот, дури и на вакви избори! Ако сите кои се незадоволни од режимот гласаат против него, тој сигурно ќе падне.

За да се случи тоа, неопходно е и оние граѓани кои обично не гласаат на избори, и оние граѓани кои не ги сакаат ни „едните“ ни „другите“, да излезат на овие избори и да гласаат. Против криминалите, против корупцијата, против партизираноста, против неправдите, но и против богатењето на владејачката елита и против осиромашувањето на народот!

Другари и другари,

вие кои не ги сакате ни „едните“ ни „другите“,
вие кои сте разочарани и од транзициските криминали и од криминалите на Груевски и „фамилијата“,

Ние, Левица, како нова партија, произлезена од протестите, без багаж од минатото, со нови, но сепак докажани луѓе во своите области, се стремиме да ја добиеме вашата поддршка. Доста ни беше владеење за свој џеб, доста ни беше богатењето врз грбот на народот, доста ни беше обесправување на работникот и газењето по неговото достоинство! Доста ни беа 25 години страдање, 25 години од која секоја нова година се живее полошо од претходната! Крајно време е да свртиме нов лист!

Затоа, да излеземе на изборите во декември и да гласаме и против режимот и против нашето осиромашување!

Другарки и другари,

Време е да ги кренеме главите и да не им се плашиме! Немаме што да изгубиме, освен нашите окови!“, велат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Трети по фемициди, над европскиот просек по полицајци

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

Левица: Игнорантниот Мицкоски прашува „Каде има корупција?!“, Рокас му одговара – во вашата власт, премиере!

Горан Наумовски

Левица: Орце и ДПМНЕ повторно ги оставија жртвите на семејно насилство на цедило – не ги обезбедија ветените субвенции за кирии

Горан Наумовски

Левица: ДПМНЕ и СДСМ беседат само за ЕУ, а извештајот на ЕК ги потврдува критиките на Левица за корумпираните политики

Катерина Ѓуровски

Левица: Фемицидот во Богданци е уште еден доказ дека полицијата не ги штити жените кои пријавуваат насилство