Левица: Властите – слепи и неми пред екокриминалот на струшкиот брег

Од:

Продолжува уништувањето на крајбрежјето на Струга, каде што узурпацијата на државното земјиште не само што е дозволена, туку и активно се игнорира од надлежните институции. Последниот случај, каде на само 20 метри од Охридското Eзеро се гради нелегален објект, е уште еден доказ за системската корупција и неказнивоста во Република Македонија!

Граѓаните на Струга со право се загрижени и гневни поради ваквата екокатастрофа. Нивниот страв дека ќе се повтори сценариото со „Аполонија“, кога нелегално изграден објект функционира како угостителски локал, е оправдан. Тампонирањето на трската и уништувањето на природата претставува, очигледно, и флагрантно прекршување на Законот за животната средина.

Граѓанската иницијатива СОС Охрид и локалното население подолго време алармираат за ваквите незаконски активности, но нивните повици за почитување на законите и заштита на природното наследство се игнорираат.

Државниот инспекторат за животна средина, и покрај Извештајот и Кривичната пријава поднесена пред три години, не презема мерки за санкционирање на виновниците!

Левица остро го осудува незаинтересираниот и корумпиран однос на институциите и бара итни мерки за заштита на крајбрежјето на Охридското Езеро:

• Итно запирање на сите градежни активности и узурпации на државното земјиште на крајбрежјето;

• Санкционирање на одговорните лица и фирми за нелегалната градба и уништување на природата;

• Спроведување на планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион;

• Засилени инспекции и редовни контроли за спречување на идни незаконски активности.

Природното богатство на Охридското Езеро е од непроценлива вредност за Македонија и за светот! Неговото уништување е недозволиво и претставува еко-криминал кој не смее да помине неказнет!

Левица стои на страната на граѓаните и еколошките активисти и ќе продолжи да се бори за заштита на нашето природно и културно наследство, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он