Левица: Власта повеќе нема легитимитет, итно да се распушти Собранието

Од:

„Левица изразува револт и најостра осуда на процесот на усвојување на уставните измени. Распишаа против-уставен референдум со манипулативно прашање. Полнеа кутии. Не го почитуваа резултатот на референдумот. Амнестираа пратеници за да им ги гласаат уставните измени. Направија политички дил за да избега Никола Груевски. Го променија Кривичниот законик за да спасат осудени лица од затвор и за себеси да си ги олеснат идните злоупотреби на власта. Неодлучноста, пасивноста на ВМРО – ДПМНЕ во текот на целиот процес и ставањето на тацна на своите пратеници да бидат уценувани и купувани во собраниските канцеларии е уште еден показател дека уставните измени беа изгласани во дослух меѓу партиите од власта и најголемата опозициона партија. Граѓаните немаат свои преставници во Собранието кои ќе се спротистават на газењето на демократијата, на правната држава и газењето на правото на самоопределување!

Власта целосно се делегитимира во очите на граѓаните. Ништо што ветија на изборите не исполнија. Во безброј наврати премиерот го лажеше сопствениот народ, едно зборувајќи, правејќи го токму спротивното. Продолжија со коруптивното и клиентелистичко владеење, полнејќи ги институциите со партиски војници, шурувајќи со крупниот капитал, осиромашувајќи го народот. За такво владеење – не ги добија гласовите на изборите.

Поради сето ова, Левица бара од власта под итно да го распушти Собранието и да распише предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Ако сметате дека ја уживате поддршката на граѓаните за силувањето на демократијата, за силувањето на правната држава, за коруптивното владеење, распишете предвремени парламентарни избори.

На крај, ги повикуваме граѓаните да не паѓаат со духот. Огромно е разочарувањето. Огромно е чувството на немоќ. Огромна е апатијата. Но, ако се откажеме од борбата, само полошо ќе биде. Мора да се самоорганизираме и да се спротивставиме на коруптивните врхушки кои ресичи 30 години нѐ цицаат, нѐ осиромашуваат, ни го прават животот мизерен. Ако не за нас, барем за нашите деца, не смееме да се откажуваме од борбата. Борбата продолжува! Таа никогаш и не заврши“ се вели во соопштението на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Двапати ја прогласиле водата во Гостивар за безбедна, никој од здравствениот синџир не е разрешен

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит

Левица: Вработените оставени без здравствено осигурување – полицајците ги чекаат МВР и ФЗОМ да се договорат кој е виновен

Левица со поддршка за струмичките земјоделци

Горан Наумовски

Левица: 25 години Карпалак – 25 години без правда за бранителите

Левица: 50 хектари плодна земја чекаат фабрики што никогаш не дојдоа