А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Левица: Власта ги толерира криминалите на ДУИ на струшкото крајбрежје

by А1он11/04/2019 - 13:19258
Share0

Локални иницијативи од Струга повторно апелираат за узурпирање и уништување на струшкото крајбрежје, за кое државните инспектори наводно не откриле никакви нелегални градби. Со оглед на тоа што градежниот инспектор на општина Струга, при постапувањето по наше барање, констатира бесправно градење на бетонски парапет и издаде Решение за негово отстранување, евидентно е дека власта и институциите на централно ниво ги штитат криминалот и бизнис-интересите на локални моќници и противзаконски не преземаат никакви мерки за нивно санкционирање, соопшти Левица.

Добивај вести на вибер

Според нив, додека Владата води агресивна кампања во меѓународната заедница за развојот и просперитетот на државава, на терен се палат резервати и национални паркови, неповратно се девастира светско културно наследство, шумската мафија остварува милионски профити, додека сите институции молчат и го толерираат самоволието на поединци блиски до власта.

„Премиерот Заев, кој лично го поддржа градоначалникот на ДУИ Рамиз Мерко, има должност да ѝ објасни на јавноста за пустошот и уништувањето на Охридското езеро и за непостапувањето на институциите против криминалите на ДУИ“, се вели во соопштението.

Левица ќе поднесе барања за итен инспекциски надзор за спорните парцели до Државниот инспекторат за животна средина, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и Управата за културно наследство и истовремено ја повикуваме Антикорупциската комисија да отвори случај, по примерот со дивоградбите на Матка. Се бориме за еднакво општество за сите, а не само за привилегираните поединци на владејачкиот естаблишмент и капиталот, се додава во соопштението.

duilevica

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски03/03/2026 - 16:1403/03/2026 - 16:32

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Горан Наумовски02/03/2026 - 11:44

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски27/02/2026 - 12:4427/02/2026 - 12:56

Мојсоска со иницијатива за итен инспекциски надзор во Струга

Горан Наумовски26/02/2026 - 14:10

Левица: Нов скандал во ЕСМ – фирма од Косово осудена за криминал со токсичен мазут ќе го снабдува РЕК Битола

Горан Наумовски26/02/2026 - 13:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен