Левица: Училиштата да обезбедат систематски и ефективни обуки за самозаштита на учениците

Од:

По трагичниот настан во Кочани, јавноста со право ги засили барањата училиштата да обезбедат систематски и ефективни обуки за самозаштита на учениците – обуки што може да бидат клучна за спасување животи. Наместо проактивен пристап, сведоци сме на континуирано институционално игнорирање на оваа клучна обврска. Иако уште од 2006 година постои Правилник за содржината и начинот на спроведување на обучувањето за самозаштита во образовните институции, образовниот систем во пракса речиси во целост не го применува, нагласуваат од Левица.

Дел од училиштата дури и не се запознаени со неговото постоење. Правилникот, меѓу другото, наложува: Задолжително обработување на теми за заштита од пожари, земјотреси, поплави, епидемии, експлозии, сообраќајни несреќи и други катастрофи; Реализација на обуката преку наставни часови, теоретска и практична настава, денови за вежби и ученички натпревари; Минимум 8–20 часа во основното и 35 часа во средното образование.

Во реалноста, училиштата најчесто во своите годишни програми користат шаблонски и паушални формулации, без конкретни содржини, цели, методи или евалуација. Недостигаат практични вежби, симулации и соодветна обука и на наставниот кадар.

Затоа, советниците на Левица низ целата држава веќе поднесуваат Иницијативи и предлози за заклучоци во рамки на општинските совети со кои се бара: До август 2025, сите образовни институции под надлежност на општините да достават детален, прецизен извештај за досегашната реализација на годишните програми во делот за заштита и спасување; Во годишните програми за учебната 2025/2026, да се исфрлат формалните, паушално наведени реченици за заштита и спасување и да се вклучат јасни, прецизни, реални и мерливи активности и мерки за самозаштита согласно Правилникот. Упатуваме апел и до Министерството за образование и наука, како и Дирекцијата за заштита и спасување, да преземат надзорна и советодавна улога во доследното спроведување на овие обврски, велат од Левица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Боледувањето не е куќен притвор“ – Левица со предлог-закон за заштита на работничките права

Левица: Додека Хаг осудува за воени злосторства „патриотите“ од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи“ во Македонија

Левица: Кого прави будала Јаневска?

А1он

Министерството за образование повторно ги крие бодовите за студентските домови, реагира Левица

Перински не може да исплати породилно отсуство навреме, ама ќе им праќал контроли на болните – ДПМНЕ го претвора Фондот во полиција за сиромашни, обвинува Левица

Левица предлага зголемување на студентскиот оброк со износ на 1% од минималната плата и да важи за сите студенти