Левица: Тошковски ги иззема од истрага кадрите на ДПМНЕ – селективна одговорност е неодговорност

Од:

Левица најостро реагира на очигледната селективност и политичка мотивираност во водењето на предистрагата и истрагата за трагичниот настан во Кочани, кој однесе млади животи и остави длабоки траги во целата јавност. И покрај јасните индиции за сериозни пропусти и свесно непостапување од страна на лица со оперативна надлежност – особено во рамки на МВР – истрагата, симптоматично, се насочува исклучиво кон поранешни функционери и пониски ешалони, велат од Левица.

„Свесно и тенденциозно се изоставаат од одговорност лица кои имале директна обврска да дејствуваат во моментот на трагедијата – вклучително и началничката на ОВР Кочани, началникот на криминалистичката полиција, главната инспекторка за економски криминал, сменоводителот на критичната вечер, како и други службеници од СВР Штип и Бирото за јавна безбедност. Посебно загрижува политичката поврзаност на дел од овие лица со владејачките структури, што отвора сомнежи за свесно прикривање и заштита.

Постоечките пријави против објектот, отсуството на институционална реакција, нелегалната употреба на пиротехника, како и сомнителната „рација” спроведена без учество на инспекциските служби – укажуваат на свесен институционален пропуст со катастрофални последици. Фактот дека постоела законска можност објектот да биде затворен, но тоа не било сторено, дополнително го потврдува сериозниот степен на неодговорност.

Пратеничката група на Левица веќе подготвува интерпелација за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поради сериозните пропусти, прикривање на директно одговорни лица и селективно водење на истрагата. Ќе инсистираме на целосна правда и неселективна одговорност – секој кој потфрлил, секој кој премолчел и секој кој свесно прикривал, мора да одговара. Трагедијата во Кочани не смее да остане без вистински виновници“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови