Левица: Таравари ги остави без лекови пациентите со карцином и дијабетес

Од:

Поради недомаќинското и неодговорно функционирање на Министерството за здравство, повторно е доведено во прашање здравјето на дијабетичарите и онколошките пациенти. Во некои од инсулинските аптеки нема инсулин, а Клиниката за радиотерапија и онкологија повторно потфрлува во грижата за онколошките пациенти – потфрлување што значи директно загрозување на човечки животи, велат од Левица.

„И покрај бројните скандали што во изминативе години се случија на оваа клиника во Скопје, оваа здравствена установа повторно си поигрува со последната надеж во борбата за живот што ја водат болните од карцином во Република Македонија. Имено, има и ќе има недостаток на соодветна терапија за третман на болните, како и нејзино ненавремено обезбедување од страна на надлежните во клиниката. Во моментот го нема лекот „Palbociclib“. По озлогласениот скандал на клиниката, што пред две години одекна како експлозија во јавноста, надлежните во клиниката и понатаму несовесно си поигруваат со животите на тешко заболени пациенти кои последната надеж за лекување ја бараат токму таму.

Левица како политичка партија која се залага за засилување на капацитетите и достапноста на јавното здравство остро го осудува ова несовесно работење на надлежните. Ги повикуваме на одговорност, совесност, професионалност и посветеност министерот за здравство Арбен Таравари и директорот на Клиниката – Игор Стојковски. Недозволиво е ова поигрување со човечките животи.

Здравствениот сектор на Левица континуирано укажува на потребата од основање на државна веледрогерија, со цел да се стави крај на уцените и несигурноста кои произлегуваат од приватните снабдувачи на лекови. Потсетуваме дека во 2023 година пратениците од Левица поднесоа и Предлог-закон за загарантирано право и целосно снабдување на пациентите со препарати за третман на дијабетес, но за жал истиот никогаш не дојде на дневен ред, а тогашната влада не го поддржа овој предлог.

Претставниците од Министерството за здравство, пред да излезат на прес конференции, каде се расфрлаат со флоскули дека се грижат за здравјето на секој граѓанин, нека прошетаат низ ходниците од јавното здравство за да ја увидат реалноста на терен. Време е да се стави крај на нееднаквиот пристап до јавното здравство, затоа што соодветни дијагностички процедури и пристапот кон правилно лекување, не смее да биде привилегија само на богатите и фамилиите на функционерите, туку пристапот до здравствените услуги треба да го има секој еден поединец од оваа држава, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: На гостиварци им течел отров од чешмите, институциите потфрлиле

Левица: Недозволиво е Мицкоски да ја сведува државната реакција на флаширана вода и префрлање одговорност за Гостивар

А1он

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Левица: Европската престолнина на културата претставена со „Св. Сава“ и Букефал со пет нозе – Орце продолжува да го брука Скопје

Горан Наумовски

Левица: Европската Комисија го разобличи Мицкоски кој никако не го демонтираше коруптивниот систем, туку удобно се смести во него

Левица: Гостивар не се соочува со обичен дефект, туку со сомнение за свесно загрозување на јавното здравје