Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно

Од:

Членовите на Советот на Општина Гевгелија – Патрик Матх и Сашко Стојилковски од ДПМНЕ, веднаш по доаѓањето на нивната партија на власт беа „наградени” со директорски позиции во ЈЗУ Општа болница Гевгелија и ЈЗУ Невропсихијатриска болница Негорци, во август 2024 година, велат од Левица.

„Иако Законот строго забранува истовремено извршување на две функции, двајцата функционери на ДПМНЕ намерно го игнорираа Законот и продолжија да ги извршуваат и двете функции – и советничката и директорската, дрско прекршувајќи го правилото на неспојливост на функции.

Советникот од Левица во Општина Гевгелија, Николчо Петров, поднесе претставка до Државната комисија за спречување на корупцијата, по што надлежните институции ги потврдија наодите и ги санкционираа. Како резултат на тоа, Матх и Стојилковски беа конечно принудени да си поднесат оставки од советничките позиции.

Почитувањето на законите не е опционална препорака, туку обврска за секој граѓанин, а особено за оние кои се на јавни функции. Но, токму партиските послушници на власта најчесто ги злоупотребуваат институциите за лични и партиски интереси.

Левица ќе продолжи бескомпромисно да се бори против корупцијата, без разлика дали зад тоа стои некој моќник или обичен алчен партиски кадар кој мисли дека законите не важат за него, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира