Левица со поддршка за штрајкот на УПОЗ!

Од:

„Левица во целост го поддржува најавениот штрајк на гранскиот синдикат УПОЗ, кој е закажан да трае од 23 до 25 март и кој треба да кулминира со протест на 25 март. За нас, ова претставува автентичен изблик на синдикализам кој во нашето општество е систематски гушен, преку инсталирање на подобни и послушни кадри во синдикалните фотелји.

Застануваме во целост зад барањата на УПОЗ, особено зад барањето да се измени Законот за судска служба, во делот на начинот на одмерување и висината на предвидените казни. Во ова препознаваме уште еден начин за дисциплинирање и држење во покорност на судската администрација, чија професионалност и работничко достоинство свесно се ставаат во втор план, за сметка на владеачките интереси. „Сваровски судството” и доекипирањето на кадарот по партиски клуч е она што ги генерира лошите одлуки и задоцнетата правда.

Овој штрајк е предвесник на македонска синдикална пролет, која ќе ја врати довербата на работниците во синдикатите! Професионалните и чесни судски работници заслужуваат покачување на платите и надоместоците, а не казни!

Наши членови ќе изразат поддршка со свое присуство на најавениот протест на УПОЗ“, се вели во соопштението на ЛЕВИЦА.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира