Левица: Со партизирање на гувернерското столче монетарната политика се подредува на партиските интереси

Од:

Предлогот на Претседателката Сиљановска за поставување на Трајко Славески – партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен Министер за финансии – за гувернер на Народната банка е сериозен удар врз принципот на институционална независност и уште еден доказ за партизацијата на клучните столбови на државата, велат од Левица.

„Иако функцијата гувернер бара врвен професионализам и непристрасност, актуелната власт ја гледа како уште една фотелја за политичка распределба и кадровска ротација во круговите на економската елита. Оваа пракса, типична за клиентелистички режими директно го поткопува кредибилитетот на Централната банка – институција од која зависи стабилноста на девизниот курс, инфлациските очекувања и монетарниот интегритет на државата.

Славески е директно вграден во политиките што ја задолжија државата ја уништија фискалната дисциплина и ја заглавија економијата во хронична зависност од надворешно финансирање и буџетски дефицит. Како кадар на бизнис елитите, тој е еден од главните непријатели на работничката класа, којшто отворено се залага против покачувањето на минималната плата и беше носител на процесот на укинување на патните трошоци и хранарината за работниците.

Народната банка има јасно дефинирана цел: одржување на ценовната стабилност, заштита на девизниот курс и стабилност на финансискиот систем. Тоа значи дека гувернерот мора да биде непристрасен, неподложен на партиски притисоци и одлучен во спротивставување на краткорочни популистички политики. Партиски кандидат како Трајко Славески не може да биде перцепиран како неутрален чувар на макроекономскиот поредок. Без доверба во институцијата, девизните резерви, стабилноста на денарот и инфлаторните очекувања лесно можат да се дестабилизираат.

Изборот на партиски кадар за функцијата гувернер значи директен упад на извршната власт во монетарната – што е спротивно на основниот принцип на независност на Централната банка. Ваквата политика нема да значи ништо повеќе освен подредување на државните интереси под партиските и воведување во опасност од неконтролираност на државните задолжувања и доведување до нестабилен финансиски систем.

Левица бара транспарентен процес, јавна расправа и департизација на оваа функција од круцијално значење за економската стабилност на државата. Итно стопирање на партискиот избор на гувернер и иницирање на јавна расправа во Собранието на која ќе учествуваат економски експерти и академска фела со цел да се отвори дебата за критериумите и профилот на идниот гувернер“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Кандидатурата на Амар Мециновиќ ја втурна ДПМНЕ во паника

Со инженер од ЈП Водовод во тимот, Мециновиќ најавува решенија за Скопје, тврдат од Левица

Левица: ДПМНЕ преку Еразмус+ дели пари на универзитетот на Мерко наместо да го затвори

Горан Наумовски

Мециновиќ: Скопјани кои го градеа градот не можат да обезбедат дом од лудите цени на нехуманата урбанизација

Горан Наумовски

Левица: МО да го расветли скандалозниот конкурс за офицери, голем број од примените не ги поминале физичките проверки

А1он

Левица: Уште една дивоградба на инвеститорот на хотелот во Лагадин кој Заев го бранеше

А1он