Левица: Со карти на Голема Албанија во основно училиште во Струга се навредуваат Македонците

Од:

Скандалозни фотографии со иредентистичка содржина се објавени на страната на ООУ „Браќа Миладиновци“. На слики од Голема Албанија се фотографираат наставниците покрај децата, што претставува отворен сепарационизам и понижување на македонскиот народ, се вели во реакцијата на Левица.

„Од фотографиите кои ги доби Левица, евидентно е дека ваквите скандалозни слики стојат со години во училниците. Во ова основно училиште, ВД директор е Лаура Шате, за која постојат сомневања дека е незаконски назначена од страна на Рамиз Мерко. Очаен е молкот на анти-македонската СДС, која е поданички поставена пред дивеењето на ДУИ. Левица бара итно разрешување на директорката Шате, како и отстранување на иредентистичките слики. Левица ќе поднесе и Претставка до Државниот просветен инспекторат, со цел да се санкционира ваквото скандалозно однесување, како и да се испита постапката на кој начин е поставена ВД директорката.
На анти-македонското дивеење на ДУИ мора да му дојде крај“, велат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра поради тоа што оброкот е замрзнат на 140 денари

А1он

Левица: Работниците во ЈП „Национални шуми“ спротивно на закон се принудени да прифатат цепаници наместо К-15

Левица: Трети по фемициди, над европскиот просек по полицајци

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

Левица: Игнорантниот Мицкоски прашува „Каде има корупција?!“, Рокас му одговара – во вашата власт, премиере!

Горан Наумовски

Левица: Орце и ДПМНЕ повторно ги оставија жртвите на семејно насилство на цедило – не ги обезбедија ветените субвенции за кирии

Горан Наумовски