​​​​​​​Левица: Слободата на медиумите се доведува во опасност секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт

Од:

Само шест месеци власт на ВМРО-ДПМНЕ во 2024 година беа доволни за Македонија да падне за шест места на Индексот за слобода на медиумите. Со падот од 36 на 42 место во Индексот за слобода на медиумите, државата е на последно место од земјите со „задоволителна“ состојба, со тенденција да се спушти помеѓу државите со „проблематична“ состојба во медиумите, велат од Левица.

– Во индексот на Репортери без граници се наведува дека „владините функционери имаат тенденција на лоши и понижувачки ставови кон новинарите“, како и работа на новинарите во лошо и непријателско опкружување. Состојба, која потсетува на односот на државата кон медиумите од времето на груевизмот, кога државата беше најлошо рангирана на овој индекс помеѓу европските земји.

Како сериозен удар врз објективното новинарство е наведен законот со којшто „повторно се овластуваат националните и локалните власти да се рекламираат во медиумите во приватна сопственост, ја зголеми загриженоста за можното поврзано ширење на влијание“. Закон, што Левица го блокираше амандмански, но широката коалиција го заобиколи и искористувајќи ја алатката „европско знаменце“ донесе класичен анти-европски закон, којшто е основна причина за пристрасно и провладино однесување на одредени медиуми.

Слободата на новинарите и медиумите е неопходна за развој на едно здраво и демократско општество. Капиталистичкиот систем каде политичката и бизнис елитата функционираат во симбиоза, медиумите и новинарството се подредени на нивните интереси. Поради егзистенционална закана (зависност), објективното и слободно информирање е негова прва жртва. Доведувањето во ваква положба на медиумите е алатка на ВМРО-ДПМНЕ преку која обезбедува загушување на секоја критика кон нивното режимско владеење, се вели во соопштението од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Учениците во „Ѓорѓија Пулевски“ учат во подруми со влага и смрдеа

А1он

Левица ги објави имињата на кандидатите за градоначалници за Кисела Вода, Ѓорче Петров и за Аеродром

Горан Наумовски

Левица: Министерката Кочоска ги укина надоместоците за плата до избори

Горан Наумовски

Левица: Градоначалниците на ДПМНЕ четири години не преземаа никаква акција за Вардариште

Левица: Стефковски мандатот го искористи за на неговиот другар да му овозможи милионски тендери, а на граѓаните мизерија

Мицкоски: Индустриското производство во jули годинавa порасна за 4,1% споредено со истиот месец минатата година