Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

Од:

Левица продолжува да објавува нови детали за спорниот тендер на генералниот секретаријат на Влада, каде еден милион евра народни пари се предмет на злоупотреба за организирање на скапите партиски митинзи на ДПМНЕ. Овој контроверзен тендер потпишан од Игор Јанушев, го доби струмичката фирма „СМ АРТ ВИЗ АРТ ДООЕЛ”, во сопственост на Петар Божинов, кој има “богато” искуство како активист на СДС. Имено, Божинов во минатото бил советник во Советот на Струмица од редовите на СДСМ, додека сега е вработен во општина Струмица како одговорно лице за култура. За Божинов е познато дека за време на владеењето на Зоран Заев држи монопол во Струмица при организирање на културни настани, преку наменски невладини организации и фирми, велат од Левица.

„Интересно е што токму добитникот на тендерот може да се види фотографиран со актуелни советници на ДПМНЕ во советот на општина Струмица, односно со советникот Владимир Ристов.

Ова ја потврдува тезата за соработка и координација помеѓу Мицкоски и Заев, каде преку струмичка фирма ќе бидат злоупотребени државни ресурси за финансирање на кампањата на ДПМНЕ. Наместо да го истражи криминалот од владеењето на Заев, владата предводена од Мицкоски дели милионски тендери токму на оние кои најмногу профитирале од владеењето на Заев.

Ова е само уште еден доказ дека овие две криминогени партии здружено го цедат буџетот во една од најсиромашните држави во Европа, а нивниот заеднички интерес е никој да не одговара за пустошот од нивното криминално владеење, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

Мојсоска со иницијатива за итен инспекциски надзор во Струга

Левица: Нов скандал во ЕСМ – фирма од Косово осудена за криминал со токсичен мазут ќе го снабдува РЕК Битола