Левица: Шумите изгореа, а власта го крати буџетот

Од:

Македонските шуми исчезнуваат под тежината на системска негрижа, неказнивост, политичката злоупотреба и тактизирање!
Според најновата мапа на проф. д-р. Ивица Милевски, изработена врз основа на податоци од Hansen Global Forest Change датабазата, шумските површини во Македонија се алармантно намалени од 2000 до 2023 година. Загрозени се највредните природни предели – Скопска Црна Гора, Јакупица и околината на ​​​​Охридското Езеро, а не се поштедени ниту националните паркови, велат од Левица.

– Доколку на ова би се додала и состојбата со пожарите во 2024 година, кога изгоре околу 90.000 хектари површина или 3.6% од територијата на Македонија – ситуацијата е навистина загрижувачка.
Овие загуби се доказ за хроничната негрижа и неодговорност на владејачките структури.

Државните институции систематски го игнорираат уништувањето на едно од најдрагоцените природни богатства на Македонија. Неказнивоста за подметнатите пожари и неконтролираното дрвокрадство се само врвот на ледениот брег. Надлежните одбиваат да создадат функционален шумски катастар, со што се остава простор за злоупотреби и хаос. Покрај тоа, ЈП „Национални шуми“ наместо да биде столб на заштита и одржливост, е претворено во алатка за партиски вработувања и злоупотреба на ресурси.

Лежерноста на владејачките елити продолжува, па како круна на сета оваа катастрофа – Владата на ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ, понуди намален буџет за шумарство за 2025 година!
За спречување на понатамошниот пустош, пратениците Реџеп Исмаил и Сашко Јанчев од Левица, поднесоа амандмани со кои се бара зголемување на средствата за набавка на современа противпожарна опрема и буџет за ревитализација на уништените шумски предели.

За потсетување: пратениците од Левица овој мандат предложија законски измени со цел дестимулирање на намерното палење на шумите и подметнувањето шумски пожари. Измените предвидуваа 50 годишна забрана за било каква урбанизација, градење објекти, поставување на фотоволтаични централи, сеча на дрвја на површини коишто биле зафатени од пожар.
Владејачкото мнозинство од ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ не гласаше за овој предлог на Левица.

Без итни мерки, последиците ќе бидат катастрофални! Уништувањето на шумите веќе предизвикува ерозии, свлечишта и поплави, со ризици од долгорочни еколошки и економски штети. Неодговорноста на владејачките структури во последните две децении ја претворија Македонија во жртва на сопствената негрижа, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Уставниот суд ја аминува политичката цензура – не поведе постапка за еклатантната дискриминација врз нашата партија

Ѓубре, ниска вегетација и стрниште горат во општините Битола, Бутел и Брвеница

Вкупно 28 пожари регистрирани на отворен простор, активни нема, еден е под контрола

Ангелов: И јас укажував на слабостите, но состојбата е значително подобрена

Македонија е неподготвена за природни катастрофи, недостиг на пожарникари, опрема и стратегија

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он