А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Левица: Штетниот договор со ОКТА заврши и ниту еден функционер не понесе одговорност

by А1он13/05/2019 - 14:58360
Share0

„Деновиве истече Договорот со ОКТА, кој во 1999 година беше склучен од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Љубчо Георгиевски. Скандалозната зделка преку која беше приватизиран енергетскиот сектор, беше целосно мотивирана од бизнис-интересите на тогашните политички моќници, кои не водејќи грижа за државните интереси, склучија обврска Република Македонија да купува 500 000 тони мазут годишно, иако реалните потреби на државата изнесуваат само 90 милиони тони. Ваквиот договор го чинеше државниот буџет 40 милиони долари, исплатени поради непочитување на обврските наведени во него, при што Хеленик петролеум поднесе повторно тужба од 32 милиони долари, иако компанијата Окта беше купена за 32 милиони долари пред 20 години.

Добивај вести на вибер

И покрај претрпената штета на државните интереси, ниту една влада досега не иницира одговорност за тогашните функционери. Напротив, Љубчо Георгиевски е моментален коалиционен партнер на Владата и еден од главните агитатори за т.н. Преспански договор. Токму затоа оваа Влада, составена од амнестирани криминалци, поранешни корумпирани функционери и бизнисмени со сомнително стекнато богатство, не може да биде заштитник на државните и јавните интереси, ниту гарант за просперитет и развој на Републиката.

Иако Регулаторна комисија демантира дека новата регулатива ќе предизвика ценовен шок за обичните граѓани, останува спорен моментот дали компаниите од нафтениот бизнис ќе го добијат бараното зголемување во делот на маржата за која се бара да биде повисока, односно од сегашните 3,2 да се зголеми на 6 денари. Евидентна е тенденцијата за пораст на цените на горивата, кои се зголемени за повеќе од 14% од доаѓањето на „коалицијата за живот” на власт, додека платите на работниците стагнираат и трошоците за живот се зголемуваат. Токму приватните компании од бизнисот со нафта бележат континуиран раст на своите приходи, остварувајќи милионски приходи од зголемените цени на горивата кои најмногу удираат по џебот на сиромашните граѓани.

Потребно е целосно реструктуирање на сегашниот модел на снабдување со електрична енергија каде јавниот интерес и задоволувањето на основните потреби на граѓаните ќе претставува главен приоритет, а не луксуз и извор за генерирање милионски профити од шака бизнисмени тесно поврзани со секоја владејачка гарнитура“, се вели во соопштението на Левица.

levicaokta

Би можело да ве интересира

„Окта“ го продолжува попустот од три денари за дизел и два денара за бензините за литар до крајот на месецот

Катерина Ѓуровски06/04/2026 - 11:17

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Катерина Ѓуровски31/03/2026 - 13:18

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он30/03/2026 - 17:4330/03/2026 - 17:47

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Горан Наумовски30/03/2026 - 09:26

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он28/03/2026 - 10:28

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски27/03/2026 - 08:0127/03/2026 - 09:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто