Левица се залага за формирање на експертска влада

Од:

„Старите партии се способни само за креирање кризи. Затоа, потребно е да се формира експертска влада.

Сведоци сме на најновиот чин од политичката фарса во Македонија со поднесувањето оставки во Владата на РМ од страна на ДУИ. Можеби не е случајно што тоа се случи неколку часа пред 1 април, зашто веќе подолго време целата ситуација е гротескна.

Во поднесувањето оставки во Владата на РМ од страна на ДУИ, Левица гледа шанса процесот на враќање на демократијата во Македонија конечно да биде поставен на здрави основи. Потребно е сите министри да поднесат оставки, целата влада да се повлече и да биде избрана нова експертска влада, составена од личности колку што е можно понезависни од политичките партии. И со мандат да ги создаде сите услови за организирање фер и демократски избори.

Сегашната влада, дополнително делегитимирана со оставките на ДУИ, е техничка влада само во имагинацијата на СДСМ, која така ја нарекува само за да ги прикрие огромните отстапки што ги направи во Пржинскиот договор. Граѓаните што протестираа во мај минатата година бараа експертска влада.

Во меѓувреме, додека на политичарите приоритет им е доаѓањето на власт за да остваруваат тесни лични интереси, секојдневните маки со кои се соочува народот, продолжуваат. Вчера, 30-тина работнички во фабриката „Веибо Груп“ во Крива Паланка добија отказ и останаа на улица. Старите партии мора да разберат дека земјата не се врти околу нив. Недозволиво е нивното држење во заложништво на сите граѓани во Македонија. Преку глава ни се нивните сплетки, интриги и стремежот да бидат на власт по секоја цена.

Потребно е решавање на политичката криза, да се врати демократијата во Македонија и конечно да почнат да се решаваат реалните проблеми на граѓаните“, велат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Клеветите на Филипче и Мицкоски не ја менуваат нашата позиција ниту го бришат нивното минато и денешната реалност во Македонија

Мециновиќ: СДСМ покажа дека нема намера да се бори против власта и кохабитира со ДПМНЕ – Левица разговара со сите опозициски чинители

Предраг Петровиќ

Левица ќе присуствува на трибината на Платформата „12:05“ – со своја позиција во разговорот за следната политичка фаза

Предраг Петровиќ

Крмов: Најавуваме радикализација доколку не се исправи неправдата – почнуваме со иницијатива за укинување на платеното политичко рекламирање

Катерина Ѓуровски

Левица: Уставниот суд ја аминува политичката цензура – не поведе постапка за еклатантната дискриминација врз нашата партија

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он