А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Левица: СДСМ и ДУИ манипулираа во Баку и воведуваат Бадинтер со исклучена јавност

by А1он12/07/2019 - 10:28350
Share0

„Откако владината делегација во Баку со лажирана фактичка состојба го пролонгира измачувањето на Охридското езеро од сопствените криминални бандити, сега во собраниска процедура пушта предлог-закон кој е во спротивност на верзијата која беше презентирана во Баку. Имено, оваа корумпирана и неспособна власт на СДСМ и ДУИ, со исклучена јавност и без никаква транспарентност, на Комисијата за култура се обидува да протне одредби кои не се во согласност со препораките на УНЕСКО“, велат од Левица.

Добивај вести на вибер

„Воведувањето член од Министерството за политички систем со кое раководи Садула Дураки, препознатлив по своето неспособно работење со Министерството за животна средина, ја погазува стручноста и сериозноста која треба да се справи со алармантната состојба во УНЕСКО регионот. Дополнително, воведувањето Бадинтер за овој регион преставува уште еден партиски договор на СДСМ и ДУИ кои преку уништувањето на Охридското езеро ги подмируваат своите партиски и бизнис интереси.

Ваквиот скандал само потврдува дека ќе продолжи заштитеното дивеење од локални моќници на ДУИ како советникот Нефи Усеини и дека оваа владеачка коалиција длабоко заглавена во корупција, нема никаков сериозен план и стратегија до февруари да го спаси статусот на Охридското езеро окупирано од партиски бандити, криминална урбанизација и 1000 дивоградби“, се вели во соопштението на Левица.

duilevicasdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски03/03/2026 - 16:1403/03/2026 - 16:32

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски03/03/2026 - 15:5003/03/2026 - 17:51

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Горан Наумовски02/03/2026 - 11:44

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски27/02/2026 - 12:4427/02/2026 - 12:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен