Левица: Само левата идеја е државотворна

Од:

За Левица, Денот на македонската револуционерна борба е потсетник дека не постои националното ослободување без економско ослободување.

– Делото на истакнатите левичарски револуционери ја потврдува синтезата на борбата како за национална слобода, така и за ослободување на работниот народ од експлоатацијата, сиромаштијата и власта на привилегираните класи. Јане Сандански, Ѓорче Петров, Димо Хаџи Димов и Димитар Влахов ја претставуваат револуционерната традиција што се спротивставувала на врховизмот и на потчинувањето на Македонија на туѓи државни интереси.

Како еден од најдоследните противници на врховизмот, Сандански се спротивставувал на потчинувањето на македонското револуционерно движење на бугарските државни интереси. Неговата порака била јасна: „…тие кои ќе дојдат да нè ослободуваат, всушност потоа ќе нè поробат.“

Ѓорче Петров (убиен од врховистичките чети на Тодор Александров) е ден од главните идеолози на Организацијата и противник на нејзиното потчинување на интересите на соседните држави.

За револуционерната македонска левица, слободата не значи само сопствена држава, туку и општество без експлоатација, сиромаштија и класни привилегии. Нема вистински суверенитет ако народот е политички слободен, а економски потчинет. Нема вистинска независност ако богатството го присвојуваат малкумина, додека работниците и обичните граѓани се борат за достоинствен живот.

Затоа левичарската идеја била и ќе остане државотворна: таа ја бранеше Македонија и од надворешното потчинување и од домашната експлоатација.

Денес, кога македонската држава е заробена од партии на олигархијата и странскиот капитал, Левица го афирмира револуционерниот идеал за суверена Македонија во нејзината полна национална, економска и социјална слобода! Честит 23 октомври, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето – го преземаат и граѓанскиот надзор

(ВИДЕО) Мециновиќ: ДПМНЕ го исклучи народот од одлучувањето за сопствените пари – не прифати ниту еден од 124-те амандмани на опозицијата за ребалансот на Буџетот

Левица: Студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра поради тоа што оброкот е замрзнат на 140 денари

А1он

Левица: Работниците во ЈП „Национални шуми“ спротивно на закон се принудени да прифатат цепаници наместо К-15

Левица: Трети по фемициди, над европскиот просек по полицајци

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење