(ВИДЕО) Левица: Рудникот во Богданци ќе донесе здравствени проблеми, но не и пари

Од:

Во недела, Богданци на референдум ќе се изјасни за отворање на рудникот „Казандол” во ова населено место. Партијата „Левица” вели дека овој проблем не е само локален, а штетни последици ќе има и во околните градови. Ваков рудник, ќе се отвора и во Стумица, а потоа и во Валандово.

„Левица ги поддржува граѓаните и ги охрабрува да гласаат против рудникот, бидејќи само на тој начин тие ќе можат да учествуваат во процесот на донесување на одлуки. Таквите рудници во целиот свет се познати по донесување на еколошки катастрофи.

– Такви примери има во Бугарија и Романија, каде населението се бунтуваше против нив, бидејќи тие претставуваат отворени дупки, со уништување на огромни хектари шуми и води. Притоа, честичките кои ќе се произведат од отворањето на рудникот ќе бидат отровни за целото население“, вели Драгана Велковска од Левица.

Тие потенцираат дека ќе се употребува динамит, а тоа, според нив значи дека ќе има појава на земјотреси. Во тоа подрачје, ако се отвори рудник ќе нема и плодно земјиште, односно ќе бидат нарушени природните богатства.

„Граѓаните да не потпаднат под ветувањата за високи плати кои им ги ветуваат властите, бидејќи ќе ги дадат за лекување и подобрување на нивното здравје, а не за нешто добро”, додава Велковска.

Според Здравко Савески, примерот со референдумот во Гевгелија е светол пример, бидејќи тоа беше првиот успешен референдум од локален карактер, кој треба да го следат другите.

Савески порача, Богданци да не дозволи некој да го уништи животот во тоа место, за сметка на поголеми финансии.

Би можело да ве интересира

Семејното насилство не е приватен проблем: АФЖ – Левица со работна средба за сеопфатен систем на заштита

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски

Мојсоска со иницијатива за итен инспекциски надзор во Струга