Левица: РЕК Битола повторно го загрози животот на граѓаните со радиоактивен пепел

Од:

Радиоактивниот облак од пепел што се издигна над Битола како резултат на неодговорното работење на РЕК Битола, уште еднаш ги потврди укажувањата на Левица: Македонија е жртва на еколошка катастрофа поддржана од политичка немост и корупција. Без разлика дали на власт е ДПМНЕ или СДС – институциите се неми и парализирани пред интересите на големите загадувачи, наглaсуваат од Левица.

„Загадувачите не се плашат од закони кои речиси никогаш не се спроведуваат. Симболичните казни не само што не ги одвраќаат, туку директно ги охрабруваат да продолжат со уништување на животната средина и загрозување на здравјето на граѓаните. Погубната пракса на неказнивост стана правило, а народот ја плаќа цената.
Јасен е и примерот од 2019 година, кога беше поднесено обвинение за сличен еко-инцидент за РЕК Битола. Шест години подоцна, ништо не е променето. Ова е недвосмислен доказ дека еколошката правда во Македонија е мртва буква на хартија.

Последиците од неодговорното работење на РЕК Битола ќе бидат долгорочни и несогледливи. Токсичната пепел ќе остане во почвата, ќе ги контаминира водите, ќе го уништи земјоделството во Пелагонија и трајно ќе го загрози здравјето на целото население во регионот.

Левица бара итна и неотповиклива оставка од директорот на РЕК Битола, Тони Петрушевски – блискиот соработник и сопартиец на премиерот Мицкоски. Тој мора да сноси одговорност за нанесената штета. Назначувањето на партиски кадри без експертиза на клучни позиции доведе до еколошки колапс, не само во Битола, туку и на локации како неодамнешната катастрофа со рудникот Тораница. Дополнително, повикуваме на: Јавна, ефективна и транспарентна судска постапка; Одговорност од сите раководни структури на РЕК Битола; Ревизија на постојните еколошки стандарди; Спроведување на реални и суштински мерки за санација на штетата“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он