Левица: Разрешениот началник е во роднински врски со актуелниот началник на СВР Битола

Од:

Левица обелоденува нови информации за разрешениот началник на ОВР Демир Хисар – Роберт Мартиноски. За унапредувањето на Мартиноски клучно било влијанието на актуелниот началник на СВР Битола – Сашо Мирчески, со кој се во блиски фамилијарни односи, велат од Левица.

„Токму поради ваквите блиски односи, кадар кој бил суспендиран во минатото бил поставен за началник од страна на министерот Тошковски.

Дека МВР е претворено во фамилијарно гнездо Левица во минатото алармираше, а сега и јавноста ги посведочи последиците од непотизмот кој го инсталира Тошковски. Уште еднаш потенцираме дека не е доволно само разрешување на партискиот началник, туку МВР мора да поднесе кривична пријава против Роберт Мартиноски за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

Фамилијарната блискост на Роберт Мартиноски со актуелниот началник на СВР Битола не смее да биде повод за амнестија на самоволието на партиските началници, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Со новиот закон за високо образование професори ќе можат да станат само децата на богатите

А1он

Левица: Претседателката Давкова да не го потпишува новиот закон за легализација на дивоградби

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев

Исмаил: Наместо за работниците, парите одат во профит

Левица: Владата на ДПМНЕ го претвора домувањето во извор на профит за странски фондови

Горан Наумовски

Мојсоска: Министре Алиу, болните од хемофилија чекаат на вашата милост да распишете тендер за лек

А1он