Левица: Предизборен поткуп во Пробиштип – Македонци се впишуваат како Роми за наводна социјална помош

Од:

Левица алармира за сериозен случај на злоупотреба на државни средства и етничка манипулација во општина Пробиштип, поврзана со програмите за вработување и социјална инклузија. Станува збор за класичен пример на организиран предизборен поткуп и фиктивни вработувања, кои директно го оштетуваат државниот буџет и го нарушуваат интегритетот на јавните институции, велат од Левица.

„Главна фигура во овој скандал е Илија Петковски – Џани, поранешен и актуелен раководител на подрачната канцеларија на Агенцијата за вработување во Пробиштип, кадар на СДСМ, кој сега преку коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ повторно е дел од раководството.

Само на последниот јавен повик за вработување по основ „Невработени Роми” се вработиле 40 лица регистрирани како Роми, иако според пописот од 2021 година, во Пробиштип живеат вкупно 104 припадници на ромската заедница. Тоа значи дека со еден повик, Џани „вработил“ 40% од целото ромско население во општината – бројка што е очигледно нереална и алармантно сомнителна! Дополнително, според анализата на имињата и презимињата на добитниците на позициите, не станува збор за припадници на ромската заедница, туку за Македонци кои се лажно регистрирани како Роми за да добијат наводна „социјална помош“. Ова е само последен во низата случаи што укажуваат на систематско трошење на народни пари за партиски цели. Според нашите информации, во последните 2-3 години преку овие злоупотреби се извлечени над 300.000 евра од буџетот, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Семејното насилство не е приватен проблем: АФЖ – Левица со работна средба за сеопфатен систем на заштита

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски

Мојсоска со иницијатива за итен инспекциски надзор во Струга