Левица: Повторно кадар на ДУИ именуван за заменик-директор на АНБ, овој пат од Владата на ДПМНЕ

Од:

Владата на ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ го именувала Бесник Ферати на позицијата заменик-директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ).
Бесник Ферати како кадар на ДУИ беше заменик и на претходниот директор Еролд Муслиу кој го следа бројни скандали, а за кои ревносно реагираа токму и од сега владејачката ДПМНЕ, реагираат од Левица.

Иако Законот јасно наведува дека директорот и неговиот заменик, како и вработените во АНБ не смеат да бидат членови на политички партии – Ферати е познат како кадар на ДУИ и според информациите, близок со Артан Груби и Али Ахмети.

Дополнително, за Ферати постојат и информации кои велат дека е поврзан со разни кланови и “бзнисмени” со сериозен криминал.

Пред само две години од претходниот и актуелен заменик-директор на АНБ, Бесник Ферати, излезе снимка каде тој заедно со ексминистерот Крешник Бектеши мавтаат со албанско знаме за што беа крајно изреволтирани членовите на ДПМНЕ и се надеваа, апелираа до нивниот лидер кога ќе дојде на власт да ја расформира тогашната структура на АНБ. Сепак, евидентно, тоа не се случи, а наместо реформирање, денешната власт ги продолжува истите практики и ги рехабилитира контроверзните кадри на претходната владејачка коалиција СДСМ–ДУИ.

Нејасно е и дали, а доколку да – како Бесник Ферати го поминал полиграфското тестирање за проверка на професионалниот интегритет, за кое се најавуваше дека од февруари годинава конечно ќе профункционира?!

Може да се заклучи дека АНБ е еклатантен приемр на „како до сега” владеењето. На чело имаме директор од владејачката партија со крајно спорни дипломи, а негов заменик е кадар на ДУИ, велат од Левица.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во подрачјето Делчево-Берово

ГРОМ: Додека Јакимовски е во болница, власта продолжува со политичката пресметка и селективна правда

Перински не може да исплати породилно отсуство навреме, ама ќе им праќал контроли на болните – ДПМНЕ го претвора Фондот во полиција за сиромашни, обвинува Левица

Левица предлага зголемување на студентскиот оброк со износ на 1% од минималната плата и да важи за сите студенти

Левица: Фотографии откриваат партиско агитирање за ДПМНЕ од членови на “независната” второстепена Комисија

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите