Левица: Повеќе од еден месец молк од антикорупциска за тендерските шеми на Томовски – дали и овие докази се „изгубија“ во октоподските пипци?

Од:

Помина повеќе од еден месец откако Левица достави конкретни докази, вклучително и фотографии, до Антикорупциската комисија во врска со сомнежите за поврзаност помеѓу директорот на СОЗР Ивица Томовски и управителот на компанијата „Сити Аутсорсинг“, фирма која инкасираше околу 5 милиони евра државни пари преку тендери. И покрај сериозноста на наводите, ДКСК очигледно во обид да го заташка и овој случај, до денес нема излезено со никаква информација, а не пак со конкретен исход од пријавата, велат од Левица.

„Во контекст на најновите сознанија коишто Левица ги обзнанува, за внатрешни мрежи и „филтри“ во Антикорупциската комисија, сосема легитимно се поставува прашањето – дали доказите што ги достави Левица завршија во нечија фиока, дали „случајно“ се изгубени во архивата, или едноставно предметот се држи во мирување додека октоподската мрежа на ДПМНЕ ги штити своите функционери?

Фактот што и по изминат период нема никаква реакција од ДКСК, ниту објаснување до каде е постапката, само ја зацврстува сликата за институција која наместо да биде коректив на власта, функционира како нејзин штит. Кога станува збор за луѓе блиски до Мицкоски и до врвот на ДПМНЕ, предметите или се затвораат паушално, или се влечат со месеци, сè додека јавноста не биде заморена и темата не се заборави.

Ќе продолжиме јавно да инсистираме на одговори: што презеде Антикорупциската комисија по доставените докази за сериозна корупција, до каде е предметот за „Сити Аутсорсинг“ и Томовски, и зошто владее молк кога станува збор за милионски тендери и блиски соработници на премиерот, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

Левица: Предлози за крај на дискриминаторската социјална политика и здравствена заштита за сите

Левица: Со Ристов на чело РКЕ ќе остане инструмент во рацете на бизнис – политичките структури

Почина Кирил Слезенковски – советник од Левица во општина Илинден

А1он