Левица: Поднесовме кривична против Сашо Дранго, Мицкоски не го разреши

Од:

Политичката партија Левица поднесе кривична пријава против заменик-директорот на „Македонија Пат”, Сашо Дранго, поради сторено кривично дело незаконит лов, казниво по член 238 ст.(4) од Кривичниот законик, велат од партијата.

„Пријавениот во декември 2024 год., додека бил на лов, иако како ловец знаел или требало да знае дека согласно Законот за дивечот и ловството трајно е забранет ловот над мечките кои се класифицирани како дивеч под заштита и чиешто ловење е дозволено само со дозвола на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во исклучителни случаи, а за време на кривичниот настан Министерството нема издадено таква дозвола, но и покрај тоа уловил редок дивеч-мечка и воедно со истиот улов се фотографирал во знак на „триумф“.

Иако јавноста бурно реагираше после објавените фотографии на заменик-директорот од ДПМНЕ, скандалозно е што истиот сѐ уште не е разрешен од неговата функција. Иако и премиерот Мицкоски изјави дека не верува во верзијата која Сашо Дранго ја пласираше во јавноста, сепак пријавениот и понатаму врши јавна функција, со очигледно нарушен кредибилитет и углед во јавноста. Додека новата влада постојано ветува дека никој не смее да биде над законот, очигледно тоа не важи за кадрите на ДПМНЕ; кои “гордо” се сликаат при флагрантно вршење на кривично дело.

Левица ја повикува Владата што поскоро да го разреши пријавениот од функцијата заменик-директор на „Македонија пат”, наместо да го штити неговото дивеење. Дополнително, иако два месеци се изминати од кривичниот настан, јавноста нема никаква информација дали ОЈО-Битола поднело обвинителен акт против лицето Сашо Дранго. Сето ова укажува дека власта на Мицкоски сака да го забошоти овој случај и нивниот партиски кадар воопшто да не одговора. Левица будно ќе го следи овој случај со цел правосудните органи, под влијание на власта, да не се обидат да го заштитат заменик-директорот Дранго, кој дефакто е фатен во вршење кривично дело“, тврдат од Левица.

Би можело да ве интересира

Изет Меџити го крие труењето на народот со олово, арсен и цијанид во Крива Река, велат од Левица

Горан Наумовски

Пратениците од Левица ќе донираат повеќе од половина од мартовската плата за семејствата на загинатите во Кочани

Левица со низа мерки за заштита на граѓаните од системската корупција

Горан Наумовски

Избега пациент и се обиде да убие човек, Левица бара разрешување на Жан Лозановски – директор на болницата во Демир Хисар

А1он

Левица: Собранието е на платен одмор додека народот бара одговори

Мециновиќ: Македонија не смее да биде земја каде што животот се купува и продава