Левица поднесе претставка за Комисијата за спречување и заштита од дискриминација поради забраната за рекламирање

Од:

Поднесена е и Претставката за групна политичка ДИСКРИМИНАЦИЈА до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, со посебно барање за нејзино вмешување во спорот како “Пријател на судот” (лат. Amicus curiae), пишува лидерот на Левица Димитар Апасиев.

– Со ова ги исцрпуваме сите домашни правни средства, инструменти и лекови кои ни стојат на располагање согласно домашното позитивно право, по што нашиот правен тим ќе премине кон подготовка на кривичните пријави против членовите на Советот на АВМУ (поименично) + спремање на вештачење за финансиска оштета (солидарна одговорност) + апликација пред Европскиот суд за човекови права (Стразбур).

p.s. Инаку, ОДГОВОР нема од никаде, иако постапките што ги иницираме се итни!? Институциите на режимот чекаат Изборите да завршат, па да се прогласат за “ненадлежни”, се вели во објавата на Апасиев.

Би можело да ве интересира

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

Левица: Предлози за крај на дискриминаторската социјална политика и здравствена заштита за сите