Левица поднесе осум тужби против Собранието

Од:

Политичката партија Левица и двајцата пратеници во Собранието на Република Македонија, во законски предвидениот рок од 30 дена, поднесоа осум поединечни тужби пред Управниот суд против Собранието на РМ, како јавен орган, за поведување управен спор заради, како што информираат, непочитување на процедурата за верификација на мандатите на следниве осум пратеници: Бедри Фазли и Фисниќе Бектеши Шаќири од ДУИ, и Драгица Ѓавочанова, Зеќир Рамчиловиќ, Белкиса Зеќири, Славјанка Петровска, Снежана Калеска Ванчева и Мирослав Богдановски од владејачката коалиција „Можеме“.

„Тужбите, со кои се бара поништување на овие спорни поединечни управни акти и враќање одново на процедурата за верификација, се поднесени врз освнова на чл. 3, ст. 1, ал. 4–5, а во врска со чл. 4, ст. 1, ал. 1 од Законот за управните спорови (2019), а како причина за утужувањето се наведени и документирани апсолутно суштествени и неотстранливи процесни повреди на постапката – т.е. бидејќи во постапката која му претходеше на носењето на актите флагрантно се прекрши процедурата за верификација на мандатот на нов пратеник за остаток од мандатот, кој доаѓа на местото на друг пратеник од истата кандидатска листа и воопшто не се постапи според правилата на постапката кои се детално регулирани со закон и со Деловникот на Собранието“, известуваат од Левица.

„Во прилог на оваа наша теза, дека има неотстранливи „грешки во чекори“ во процедурата, говори и фактот што самото Собрание на РМ, по нашите процедурални интервенции на пленарната седница, си ја увиде својата флагрантна грешка и повреда на чл. 17 од Деловникот, па после првата спорна тура на вакви осум контроверзни верификации, веќе во следните два идентични случаја на верификација на остаток на мандат (на пратениците Емилија Рамбабова и Диме Велковски) – го поправи своето недопустливо однесување, доставувајќи не коректен Извештај од непостоечката Верификациона комисија, туку од надлежната Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања – што, пак, доведува до еклатантна повреда на уставното начело на владеење на правото и правната сигурност, затоа што за една иста пропишана фактичка и правна ситуација недозволиво се воведува различна парламентарна пракса, т.е. два сосема различни механизми на верификација“, се наведува во соопштението на Левица.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: СДСМ покажа дека нема намера да се бори против власта и кохабитира со ДПМНЕ – Левица разговара со сите опозициски чинители

Предраг Петровиќ

Левица ќе присуствува на трибината на Платформата „12:05“ – со своја позиција во разговорот за следната политичка фаза

Предраг Петровиќ

Крмов: Најавуваме радикализација доколку не се исправи неправдата – почнуваме со иницијатива за укинување на платеното политичко рекламирање

Катерина Ѓуровски

Левица: Уставниот суд ја аминува политичката цензура – не поведе постапка за еклатантната дискриминација врз нашата партија

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он

(ВИДЕО) „Боледувањето не е куќен притвор“ – Левица со предлог-закон за заштита на работничките права