Левица поднесе кривична пријава против Артан Груби за противправно стекнување и прикривање имот

Од:

Ја известуваме јавноста дека денесka, Правниот сектор на Политичката партија Левица, до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава против потпретседателот на Владата на Република Македонија – Артан Груби од ДУИ, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Противправно стекнување и прикривање имот“ – казниво по чл. 359-а, ст. 1 од Кривичниот законик на РМ, со запретена парична и затворска казна од шест месеци до пет години информираат од Левица.

– Пријавениот се терети дека – во својство на овластено службено лице, како вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците во Владата на РМ – не го пријавил опожареното возило „Ауди“ во својот Анкетен лист, иако – како избрано или именувано лице, т.е. јавен функционер бил должен тоа да го стори во законски регулирана постапка предвидена пред Држвната комисија за спречување на корупцијата. Со цел да го прикрие Аудито, тој свесно и со умисла не го навел во Изјавата за имотната состојба и со помош на лицето Беким Лимани, во својство на помагач, возилото го завел како сопственост на Лимани – против кого исто така е поднесена пријава за „помагање“ сторено преку однапред ветено прикривање на кривичното дело, што е казниво по чл. 24 од КЗ. Очекуваме, надлежното ОЈО – Скопје, сериозно да ја земе во работа оваа наша издржана кривична пријава и по неопходниот распит на пријавениот и сведоците, како и по професионалното комплетирање на целокупната релевантна документација за овој кривичноправен настан, да покрене обвинение против актуелниот министер, со што еднаш-засекогаш би се ставил крај на сè позачестената злоупотреба која се прави од недопирливите јавни функционери на власта, во однос на прикривање на нивните реални имоти и противправно стекнати богатства, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо нови автобуси во ЈСП, нови автобуси добија приватните превозници

А1он

Левица: Случајот Стоилев ја откри корупцијата во земјоделството преку ИПАРД програмите

А1он

Мециновиќ: Ако се случи победата, ќе биде натпартиска – jа видовме можеби најпрљавата кампања во историјата на Македонија

А1он

Мециновиќ: По првиот круг системот прокрваре – во вториот круг може да го добие конечниот удар, ако ние тоа го преточиме во одлука

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Али Експрес левичарите си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат

Левица: „Прво човек“ звучи празно ако човечноста се глуми, а не се живее