Левица: ПОЦ ги дискриминира лицата со попреченост

Од:

Поради неспособност и отсуство на политичка волја на владејачката гарнитура, лицата со попреченост мора да се борат со дискриминаторскиот однос на институциите на системот. Еден од примерите за дискриминација на лицата со попреченост е неможноста сите лица со попреченост да користат повластен паркинг во општина Центар реагираат од Левица.

– Нецелосниот и ограничувачки Правилник на ПОЦ предвидува дека лице со попреченост има право на повластен паркинг доколку тоа или близок член на семејството поседува возило, а ваквите лица често не се во состојба да возат. Со овој Правилник не се опфатени личните асистенти на лицата со попреченост. При еден ваков случај кај жена со претрпен мозочен удар, одговорот кој го добила од Управниот одбор на ПОЦ бил да си плати тн гостинска картичка за персоналниот асистент – што е директна дискриминација. Поради преголемиот трошок за паркинг, кој личните асистенти мораат секојдневно да го плаќаат при вршење на својата работа, истите се откажуваат од неа, при што директна штета трпат лицата со попреченост. Бараме директорот на ПОЦ – Душко Коцевски итно да иницира мерки за промена на дискриминирачкиот Правилник! Со корекција на Правилникот на ПОЦ, многу лесно може да се изнајде соодветно решение за проширување на лицата за повластен паркинг да можат да ги користат и личните асистенти на лицата со попреченост, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира