Левица: Пливачите останаа на цедило – министерот Борко плива во тишина и безидејност

Од:

Министерот за спорт, Борко Ристовски се нама огласено по затворањето на базенот ,,Борис Трајковски “, а ветуваше брзо и ефективно решавање на проблемите во пливањето. Стотици пливачи и ватерполисти останаа без соодветни тренинзи, велат од Левица.

– По обичај, цената за пропустите ја плаќа некој друг, во случајов тоа се македонските пливачи кои се принудени да се снаоѓаат на свој начин користејќи ги останатите базени во државава за да ја одржуваат формата и неопходните тренинзи за што се потребни дополнителни трошоци кои пливачите и нивните родители ги даваат од сопстевниот џеб.

Ова би требало најдобро да го знае министерот Борко Ристовски кој сѐ уште се нема произнесено во јавноста во врска со затворањето на базенот во С.Ц. Борис Трајковски, не нудејќи притоа никаква алтернатива за спортистите и клубовите засегнати со овој проблем.

Го повикуваме министерот да се одважи од вторите редови на една од прес конференциите на Премиерот Мицкоски, да ги соопшти планот, динамиката и временската рамка за најавеното реновирање на базенот, што е од исклучителна важност за развојот на пливачките спортови во Македонија.

Самиот Борко Ристовски ветуваше брзо и ефективно решавање на проблемите во пливањето, посебно акцентирајќи го овој спорт.

Упатуваме апел до министерот за спорт да пристапи со директна финансиска помош до клубовите, пливачите и ватерполистите и да изготви решение за моменталната ситуација за која не се знае до кога ќе трае.

Спортистите бараат тренинзи во соодветни термини и во соодветен број стази. Тоа се истите спортисти на кои им претстојат големи натпреварувања и на чиј грб се рекламира министерството за спорт кога ја претставуваат државата.

Спортистите како најголеми амбасадори на земјава во светот го заслужуваат тоа, се вели во соопштението од Левица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он