Левица: Платите на функционерите растат-платите на работниците стагнираат, власта да поддржи зголемување на минималната плата

Од:

Трошоците за живот растат од ден во ден, додека минималната плата стагнира со години. За тоа каков е работничкиот стандард, лукративната Влада предводена од ДПМНЕ и ЗНАМ не се интересира. Додека ги минираат синдикатите и работат на нивно делегитимирање, за власта единствено е важно нејзините функционери да бидат задоволни,. Па така, следеше уште едно зголемување на платите, но наместо на работниците, отиде на конто на функционерите, велат од Левица.

„Стотиците ново измислени работни места во администрацијата очигледно не се доволни да се задоволат апетитите на коалициoните партнери и потребно е истите дополнително финансиски да се стимулираат. Кога се работи за луѓето на власт, не важат истите економски правила како за обичниот работник. Власта која во предизборието ветуваше зголемување на минималната плата, единствено ја зголеми инфлацијата, но за возврат на тоа, вештачки ја намалува минималната потрошувачка кошничка.

ДПМНЕ и Мицкоски можат и понатаму да продолжат со криење зад фингирани бројки за раст и напредок со цел да ја оправдаат ароганцијата со која владеат. Но, вистината е едноставна – оваа власт на ДМПНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ не работи за народот, туку за себе! Секое покачување на платите што не оди на конто работниците е уште еден чекор кон продлабочување на класната нееднаквост.

Потсетуваме, Пратениците на #Левица во Собрание го поднесоа Предлог-законот за покачување на минималната плата, согласно барањата на синдикатите на 30 000 денари. Народот не бара луксуз, туку егзистенција! Ја повикуваме Владата на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ да покажат минимум доблест пред граѓаните и го прифатат предлогот на Левица за покачување на минималната плата. Крајно време е „четвртата економска сила во Европа“ да ја зголеми минималната плата, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира