Левица: Пензионирани пилоти и ова лето ќе гаснат пожари – пожарникарите не поседуваат ниту минимум потребна опрема

Од:

Пензионираните пожарникари повторно ќе ја спасуваат Македонија од летните пожари. Во државата моментално има само еден исправен ер трактор за гаснење на истите. После една година власт на ДПМНЕ и ЗНАМ, условите за работа на противпожарните единици не се подобрени по ниту еден параметар. Нè очекува уште едно лето во кое безбедноста на граѓаните е оставена на последно место, велат од Левица.

„Власта никако да ја научи лекцијата и покрај тоа што минатата година изгореа 90.000 хектари површина, што е околу 4% од територијата на Македонија. Стојанче Ангелов од Дирекцијата за заштита и спасување наместо да се заложи за обезбедување на ер трактори, ја лаже јавноста дека во моментов нема потреба од дополнителни летала. Го прашуваме Христијан Мицкоски, дали тој ќе поднесе одговорност, доколку и ова лето ни се случи катастрофа со пожарите како и претходното, со оглед на тоа дека со негова одлука Стојанче Ангелов е преземен како кадар на валдата на СДС и ставен да управува со овој важен ресор од неговата влада?

Потсетуваме, при креирањето на Буџетот за 2025 година, пратениците на Левица поднесоа амандман 200 милиони денари да се додадат во ставката за купување на опрема и машини за да се прераспределат на територијалните противпожарни единици. За жал, владејачкото мнозинство од ДПМНЕ одби да го прифати овој амандман, што неминовно ќе доведе до потешкотии со превенирање на пожарите и несомнено ќе ги доведе шумите, но и граѓаните во опасност.

Државата сè уште е во катастрофална состојба и не може да превенира или да се справува со пожарите во летниот период. За системската негрижа на ДПМНЕ и СДСМ и не инвестирање во системот за противпожарна заштита, данокот го плаќаат македонските шуми, планини и полиња! Доколку државата итно не интервенира со неопходното купување на нова противпожарна опрема, техника како и обучување на пилоти и зголемување на бројот на ер тракторите, превенција од нови катастрофи тешко дека ќе има, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Мојсоска: Министре Алиу, болните од хемофилија чекаат на вашата милост да распишете тендер за лек

А1он

Апасиев: Левица стана снајперист за корумпираните – ќе и поднесе кривична на „антикорупционерката“ Цвета Ристовска

А1он

Левица: Манипулациите од типот „жена, мајка, крaлица“ не ја перат Дафина

А1он

Левица: Оставката на Ристовска не е личен чин туку признание по изнесените скандали од страна на Левица

Горан Наумовски

Левицата: Радикално кратење на земјоделските субвенции

Горан Наумовски

Левица: Дафина Стојановска итно да си поднесе оставка – пратеничката функција е сосема спротивно од ова што таа го демонстрира