Левица: Онколошките пациенти без лекови, а за владата приоритети се двојазичноста и луксузите

Од:

И со оваа Влада продолжува уништувањето на Клиниката за онкологија и условите за лекување на пациентите со канцер! По скандалите со кражбата на лекови од Клиниката за онкологија, кои завршуваа на црниот пазар, новата администрација го достигнува врвот на неспособноста – веќе неколку недели пациентите немаат пристап до живото спасувачки цитостатици, велат од Левица.

„Јавното здравство веќе одамна не е приоритет за властите – тоа е само алатка за политички пазарења и профитирање на криминални структури! Кражбата на лекови од Клиниката за онкологија која одекна во јавноста, заедно со организираниот систем за нивно продавање на црниот пазар, беше најголемиот доказ за расипаноста на политичките елити. ВРЕДИ и ДПМНЕ не само што не ставија крај на овој хаос, туку сега е јасно дека тие се продолжувачи на коруптивните практики од времето на СДС!

Македонија не е сиромашна земја, туку ја водат корумпирани и алчни политичари! Доказ за тоа е неодамнешната иницијатива за купување нов владин авион – луксузен трошок кој доаѓа во момент кога пациентите со канцер умираат поради недостиг на лекови и чекајќи термини за преглед.

Министерот Таравари, кој помпезно најавуваше реформи во јавното здравство со кои би се надминале овие проблеми – од почетокот на владеењето до денес нема преземено никакви суштински активности како министер. Неговата позиција во Владата не служи за подобрување на здравствениот систем, туку за задоволување на великоалбанските апетити и унапредување на противуставната двојазичност. Во меѓувреме, здравствените установи во државата тонат во хаос, бележат секојдневни скандали и алармантен број на смртност, особено на деца.

Левица апелира на будно следење од институциите на криминалните активности на Клиниката за онкологија. Воедно, му порачуваме на Таравари да се врати од неговите непродуктивни екскурзии и конечно да “засука ракави”. Нашите програмски заложби вклучуваат основање на државни веледрогерии и затворен систем за дистрибуција на лекови кое ќе ги надмине овие проблеми, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Случај „Онкологија“: Вештак од Србија укажува на пропусти, одбраната оспорува документација

Горан Наумовски

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он