Левица: Обид на министерот Јетон Шаќири насилно да формира паралелка на албански јазик во Чашка

Од:

Сè поочигледно е дека министерот Јетон Шаќири го инструментализира МОН ставајќи го функција на исполнување агенда која ни малку не е поврзана со образованието и подобрувањето на системот за образование во Македонија.

По шверцувањето ученици со несоодветен број бодови во економското училиште „Јовче Тесличков“ – Велес, сега своите самоволија ги спроведува на територија на општина Чашка, во училиштето ООУ „Тодор Јанев“ во населба Чашка. Најпрво, ги има одземено надлежностите од градоначалникот, за потоа да постави своја директорка. Училиштето работи без највисокиот орган за управување, Училишниот одбор, а директорката на своја рака кон средината од ноември формирала паралелка првооделенци на албански наставен јазик составена од шест ученици.

Освен што ваквото постапување е во спротивност со Статутот на училиштето истото се коси и со реонизацијата на ученици бидејќи паралелката е формирана со ученици за кои ниту не е извршен упис во училиштето, односно не се запишани во главната книга на училиштето, а чии родители немаат место на живеење во Чашка.

На територија на општина Чашка веќе постои училиште во кое наставата во целост се одвива на албански јазик („Лирија“ во с. Горно Јаболчиште). Шесте првачиња во н.Чашка кои не се жители на н. Чашка се сместени во просторија која се наоѓа надвор од училишната зграда, во интернатот кој претходно е затворен.

Министерот Јетон Шаќири не успева да продуцира учебници, но затоа продуцира хаос креирајќи проблеми и провоцирајќи меѓуетнички несогласувања и нетрпеливост!

Левица во целост ги поддржува протестите на родителите во Чашка и најостро го осудува самоволието што Шаќири го промовира, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Шаќири: Не сум основал медицински факултет во Струга, туку тригодишни студиски програми за медицински сестри

A1on

Шаќири: За простор за ФИНКИ се бара решение, помошта за средношколците и основците ќе се исплати до петок

Шаќири: За врсничкото насилство не е одговорно само МОН, треба да се вклучат сите институции и родителите

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

A1on

Шаќири: При крај е наоѓањето решение со учениците во Чашка

Заврши протестот на студентите, министерот ќе ја разгледа нивната иницијатива за календар на активности