Левица: Нема да дозволиме приватизација на Дрисла и на Комунална хигиена

Од:

Премиерот и официјално ги потврди информациите на Левица. Изјавата на Мицкоски уште еднаш ја разоткри вистинската намера на ДПМНЕ доколку ја преземе власта во Град Скопје – ќе спроведе масовна приватизација на јавните претпријатија преку јавно-приватни партнерства, велат од Левица.

„Последните четири години, под нивна власт, сведоци сме на систематско техничко и финансиско колабирање на јавните претпријатија. Ова е свесна стратегија преку која на граѓаните полесно им се продава приватизацијата како единствено решение.

Идентичен модел видовме во 2006 година, кога СДС го продаде дистрибутивниот дел од електроенергетската мрежа на ЕВН. Што доби народот? Постојано зголемување на цената на струјата и никакво подобрување на услугите.

Левица е категорично против моделот на Мицкоски и ДПМНЕ. Нашиот концепт е јасен: јавните претпријатија треба да бидат народни претпријатија, управувани професионално и во интерес на граѓаните, а не на приватниот профит! ЈП „Дрисла“ е единственото профитабилно претпријатие во градот. Јавно-приватно партнерство нема да донесе подобрување, туку ќе донесе само приватен профит на штета на граѓаните. Ако ДПМНЕ навистина цели кон подобрување, нека се погрижи нивниот коалиционен партнер, градоначалникот на Општина Тетово, да го плати својот долг кон Дрисла, бидејќи и нивниот отпад завршува таму. Подметнатиот пожар од завчера е дел од стратегијата да се создаде перцепција дека „Дрисла“ е нефункционална и дека единствено решение е приватизација, односно отворање на портите за нов „бонбона-бизнис”, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира