Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Од:

Дека режимската десничарска влада на ДПМНЕ не познава основни човечки карактерни вредности како висок морал, транспарентност, отчетност, почит и сочувство, се покажа деновиве преку координиран личен напад врз земјоделците и сточарите кои протестираа и ги бараа правата кои им следуваат, велат од Левица.

– Министерот за земјоделство во заминување, Цветан Трипуновски, во обид да му се додвори на премиерот Мицковски пред најавената реконструкција на владата за да ја задржи фотелјата која ни малку не му прилега, приредува ток – шоуа низ градовите со партиски членови и послушници. Но, кога на тие настани ќе се појават вистински земјоделци и ќе постават конкретни прашања за реални проблеми, потсетувајќи го министерот на сите претходно искажани лаги и неисполнети ветувања од негова страна, тие се етикетираат, се оцрнуваат и јавно се дискредитираат.

Дека овој министер и оваа влада се без компас, потврдува и фактот што по повеќе од еден месец од кризата со цените и горивата, сѐ шуте нема донесено ниту една антикризна мерка за стабилизација на пазарот на прехранбени производи, како и обезбедување на зелена нафта за земјоделците. Следствено на ова, како партија на работниците и земјоделците, уште еднаш го повторуваме нашето барање за оставка на министерот Цветан Трипуновски. Од владата бараме итни антикризни мерки со кои ќе им се помогне на земјоделците и граѓаните, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови