Левица најави кривична пројава за градоначалникот на Ѓорче Петров

Од:

Ја известуваме јавноста дека против градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, поради пречекорување на границите на своите службени овластувања и сериозни сомнежи за криминална и коруптивна бизнис зделка, од страна на Левица ќе биде поднесена кривична пријава информираат од партијата.

– За жал, зад превезот на најавениот Центар за лица со аутистичен спектар во општина Ѓорче Петров, градоначалникот Стојкоски и ДПМНЕ со намера да ги прикријат игрите за личен профит, грубо и неколкукратно прекршија низа Закони и целосно го прескокнаа Советот на Општина Ѓорче Петров при донесувањето на Одлуки од надлежност на Советот.

Центарот којшто вчера беше најавен пред медиумите, ќе се наоѓа во старата општинска зграда и претставува донација од бугарската амбасада. Како што потенцираа на вчерашната прес-конференција бугарскиот амбасадор, министерот Таравари и градоначалникот Стојкоски, општинската зграда, односно земјиште, е донирано!

Примената и дадената донација, односно располагањето со имотот во општинска сопственост, се противзаконски дејствија бидејќи надлежен орган за донесување вакви одлуки е Советот на Општината. За овој Центар и преземените чекори, Советот и советниците воопшто не беа ниту информирани, односно за преземените дејствија и донесените своеволни одлуки од страна на Градоначалникот се информираа од вчерашната прес-конференција!

Во оваа прилика, потсетуваме дека:

На почеток на мандатот, советниците од Левица поднесоа Иницијатива за отворање на Дневен центар за деца и лица со посебни потреби, но истата беше експресно одбиена од страна на Градоначалникот и ДПМНЕ;

Откако Општината доби ново седиште, советниците од Левица поднесоа Иницијатива за отворање на читална и катче за млади на местото старата општинска зграда, но и оваа Иницијатива беше одбиена;

Имајќи ја предвид долгата листа на чекање за упис во градинките и поволната локација за нова градинка на местото на старата општинска зграда, советниците од Левица поднесоа Иницијатива за пренамена и адаптација на објектот во градинка, а и оваа идеја не наиде на поддршка од ДПМНЕ и Стојкоски.

Конечно денес, на овој начин добивме образложение за одбивањето на Иницијативите на Левица и се утврди дека станува збор за алчност за личен профит, се вели во соопштението од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Со бегството на Михаилова во Бугарија, Тошковски го дотера безбедносниот систем до дно – што ли договори Муцунски во Софија?

Левица: Депонијата во Арачиново гори, институциите бегаат од одговорност, а граѓаните дишат отров!

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

Левица: За ДПМНЕ доволен е само владин записник за да се исплатат 300 милиони денари за Гета

А1он

Левица: СДС не предлага 600 евра минимална плата, туку субвенционирање на газдите со народни пари

А1он

Левица го засилува фронтот во изборна единица 1 – против бетонизација, загадување, узурпација на јавен простор

А1он