Левица: Министерството за одбрана лаже – Најдобрите кандидати се подло одбиени, а „втора група” по истиот конкурс нема да има

Од:

Соопштението на Министерството за одбрана е исполнето со груби лаги и манипулации! Фактите се едноставни: на конкурс за 60 места за стручно оспособување и усовршување за офицери – во Решението се најдоа само 29 имиња, иако 74 кандидати успешно ја поминале целата селекција, велат од Левица.

– Министерството се обидува да ја замае јавноста со тврдењето дека дел од неприемените ќе влезат во „втора група курсисти” за околу шест месеци. Ова е целосна измислица поради следниве факти:

1. Конкурсот од 13 март 2025 година е за 2025 година и предвидува два периода – прв (април–септември 2025) и вториот (ноември 2025–април 2026). Првиот период всушност веќе доцни, со што вториот би се поклопил со редовниот конкурс за новата 2026 година – што значи дека станува збор за сосема нова постапка, а не за „втора група“ од истиот конкурс.

2. Во Решението на министерот воопшто не се спомнува „група” – ниту дека овие 29 курсисти се „прва група“, ниту дека ќе има „втора“. Ако навистина постоела намера за две групи, сите примени кандидати ќе беа наведени во едно Решение. Не може за иста постапка да има две решенија.

3. Лага е дека кандидатите кои не се нашле во Решението, а успешно ги поминале сите етапи се информирани дека ќе бидат повикани за „втората група курсисти”. Овие кандидати не добиле никакво известување за втора група, напротив, повикани се единствено да си ги подигнат документите.

Дополнителната манипулација на Министерството е во тврдењето дека „се примени најдобрите кандидати“. Анализите покажуваат дека постапката е злоупотребена за елиминација на вистински најуспешните. Првичните резултати од општиот успех, англискиот јазик и физичките проверки им оделе во прилог на одредени кандидати, но клучниот филтер бил интервјуто, најсубјективниот елемент, каде бодовите биле очигледно прилагодени за да се исфрлат најдобрите и да се протуркаат „пожелни“ лица по партиска или роднинска линија. Всушност, оние за кои Министерството во своето соопштение и Решение тврди дека биле најдобри, може да бидат најдобри единствено доколку се земат предвид само бодовите од интервјуто кое е најподложно за злоупотреби и, како такво, недозволиво е да биде клучен фактор во одлуките.

Ова е класичен пример на дискриминација со што во постапката поништена е меритократијата и направен е политички избор наместо професионален.

Левица ги повикува оштетените кандидати да ги искористат сите правни механизми за заштита на своите права и да не молчат.

Јавноста заслужува одговори, а Министерството мора јавно да објасни: Зошто и како токму интервјуто, најсубјективниот дел, било одлучувачко при елиминација на кандидатите со највисоки објективни резултати, се вели во соопштението од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира