Левица: Министерот Лога предлага закони кои ја рушат унитарноста на републиката

Од:

Министерот за правда Кренар Лога, наместо да се погрижи за очајната состојба во која се наоѓа правосудниот систем во Македонија, тој повторно се обидува да протне законски решенија, кои се спротивни на веќе постоечките позитивни норми и на Уставот велат од Левица.

– Станува збор за предлог измени на Законот за правосуден испит, Законот за нотаријат и Законот за извршување, во кои се предлага овие испити да можат да се полагаат и на јазик кој го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните во земјата. Ваквите иредентистички предлози се косат со одредбите со кои веќе се регулирани условите за именување на нотари, извршители и адвокати, каде е предвидено задолжително познавање на македонски јазик за овие професии, како и за сите лица кои вршат јавни функции.

Освен одредбите од специјалните закони, дополнително и Уставот, како највисок правен акт, во член 48 упатува на задолжително изучување на македонски јазик. Ваквите сегрегирачки предлози се неевропски и само дополнително ќе ја продлабочат поделеноста во македонското општество, каде македонскиот јазик е единствено сврзно ткиво за кохезија помеѓу различните етникуми. Откако на Уставен суд му пропадна обидот за вметнување националност во изводи, министерот од Алијанса за Албанците продолжува со своите трибалистички испади.

Јасна е намерата на министерот Лога, насилничко и спротивно на закон да иницира федерализацијата на државата, со наметнување на неконзистентни закони кои нема да најдат примена во реална пракса. Ваквите предлози можат само да го уназад целиот правен систем и затоа пратениците на #Левица – Димитар Апасиев и Борислав Крмов ќе ги БЛОКИРААТ и овие штетни закони, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он