Левица: Министерката Кочоска ги укина надоместоците за плата до избори

Од:

Анти-работничката власт, предводена од Мицкоски, деновиве во сите државни институции истакна скандалозно соопштение дека на работниците нема да им се исплатуваат додатоци и надоместоци од плата, поради изборниот процес за локалните избори, велат од Левица.

„Ова значи дека работниците во јавниот сектор нема да добијат додатоци и надоместоци за плата, кои се однесуваат на работа за празник, ноќна работа, работа во недела, прекувремена работа итн. На работниците во јавниот сектор им е ускратено и правото за надоместоци на плата како јубилејни награди, за починат член на семејство, теренска работа и слично.

Расипничката власт на ДПМНЕ до крајот на локалните изборите воопшто нема да ги исплатува овие додатоци и надоместоци на плата, додека истовремено троши милионски суми за службени возила, луксузни патувања на функционерите и тендери на фирми блиски до ДПМНЕ. Очигледно е дека овие средства, дрско украдени од работниците, ќе завршат за предизборната кампања на власта која тоне политички со својот рејтинг.

Работниците, на кои законски им следуваат овие надоместоци, ќе останат со помалку средства на својата сметка само затоа што владата, преку министерката Гордана Кочоска Димитриеска, донела неуставна и незаконска одлука! Согласно позитивните законски прописи, работничките права предвидени со закон и колективен договор не можат никако да се ограничат со акт на работодавецот. До Левица стигнаа голем број поплаки од работници, кои добиле одговор дека сите исплати на плата ќе бидат прекинати до завршување на изборите.

Редно е министерката Кочоска да ја надмине својата анти-работничка ароганција и додека мери колку литри млеко испиле работниците, да ја повлече оваа незаконска и скандалозна одлука и да не организира избори на грбот на работниците, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Не е точно дека Цвета Ристовска од Антикорупциската комисија немала обврска да ја пријави фирмата на нејзиниот син во анкетниот лист

Левица: Министерот – глумец контра правата на културните работници

(ВИДЕО) Мециновиќ: Левица ќе поднесе два закони против неправдите во јавното здравство и дискриминацијата на бремените работнички

Левица: Минимална плата за голо преживување – Македонија заглавена на дното

Катерина Ѓуровски

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

(ВИДЕО) Исмаил до Љутков: Следува милионска штета по буџетот по ваша вина – кога планирате да си поднесете оставка!

Горан Наумовски