Левица: Македонија претворена во депонија на Европа, строга забрана за увоз на отпад

Од:

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, одлучи предавањето на депонијата “Дрисла” во рацете на германската компанија “Шолц” да се случи по претседателските избори. Италијанската “ФЦЛ Амбиенте” која до сега оперираше со депонијата требаше да инвестира околу 72 милиони евра. Да изградат нова депонија, нова постројка за медицински отпад, автоматизирана перална за камионите, нова механизација, опрема и административна зграда. Од тоа нема ништо и според тврдењата на самиот градоначалник, изминативе седум години депонијата работи исклучиво со средства кои ги вложува градот, реагираат од Левица.

Но, од друга страна, само медицинскиот отпад кој се гори во Дрисла од 115 тони во 2000 година е пораснат за осум пати на фантастични 891 тони во 2017! Ако се знае дека увозот на медицински отпад е забранет, нејасно е како е можно толку да пораснал?! На страна медицинскиот отпад, колку за илустрација само во 2016 година во Македонија е увезено околу 119 илјади тони ОПАСЕН отпад!

Се додека се прават милионски профити од нашата болест, процесот ќе продолжи. Македонија, слично како и другите сиромашни држави во регионот, полека се претвора во депонија на богатата Европа.

Потребно е итно напуштање на профит-моделот. Враќање на Дрисла во рацете на градот и вложување во нова модерна депонија. Најстрога забрана на било каков увоз на отпад! Здравјето на обичните граѓани пред профитите на богатите, велат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Владата на ДПМНЕ го претвора домувањето во извор на профит за странски фондови

Горан Наумовски

Мојсоска: Министре Алиу, болните од хемофилија чекаат на вашата милост да распишете тендер за лек

А1он

Апасиев: Левица стана снајперист за корумпираните – ќе и поднесе кривична на „антикорупционерката“ Цвета Ристовска

А1он

Левица: Манипулациите од типот „жена, мајка, крaлица“ не ја перат Дафина

А1он

Левица: Оставката на Ристовска не е личен чин туку признание по изнесените скандали од страна на Левица

Горан Наумовски

Левицата: Радикално кратење на земјоделските субвенции

Горан Наумовски