Левица: Легализирање на криминалот во Трнодол нема да ви помине!

Од:

„Последните случувања на јавната презентација за спорниот ДУП на Трнодол пренесоа јасна порака: кај народот повеќе не поминуваат празните ветувања и манипулации на скапата владина пропаганда, додека континуирано се уништува јавното и колективното под превезот на некакви бирократски процедури! Залудни се обидите на локалната власт од Карпош искрениот гнев на населението против нивните докажани штетни политики да го шиканира како “инфилтрирани опозиционерски активисти”. Впрочем, токму СДСМ е најдобар пример за узурпирање, разводнување и манипулирање со протести и разноразни иницијативи на народот!

До Левица неколку пати реагираа жители на овие населби дека постојат цврсти обиди за амортизирање на отпорот против насилничките политики на Богоев, креирани во интерес на неколку моќници кои единствено ќе имаат корист од ваквиот урбанистички план. Во населена област која претставува бастион на градежната мафија, со ваквиот ДУП Богоев се обидува криминалот да го протне во легална форма!“, се вели во соопштението на Левица

„Впрочем, доколку Богоев навистина е транспарентен и излегол во пресрет на барањата на населението, како што потенцира во неговите изјави, зошто два месеци нема одговор на 11 барања кои ги достави советникот на Левица во име на 450 жители на Трнодол, Козле и Жданец?

Жителите од Трнодол кои се мобилизираат против лукративните политики на СДСМ не се ниту насилници, ниту извршувачи на туѓи политики – туку искрени поединци кои не се откажуваат пред насилството, провокациите и лажните вести на ваквата анти-демократска владејачка гарнитура. Впрочем, обичниот човек секојдневно е изложен на насилството од социјалната немаштија, легализираниот криминал и загадениот воздух предизвикани од политичките елити кои – целосно отуѓени од народот – не избираат средства и методи да го приватизираат и последното парче јавен простор!“, соопштуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица ќе иницира разрешување на корумпирана „антикорупционерка” – Татјана Димитровска

А1он

Левица: Мицкоски излажа за „Алказар” – Македонија ќе ги распродава природните ресурси на странци и ќе нема никаков ќар

Левица: Партијата на избори ќе оди самостојно, не се водат разговори ни со СДСМ, ни со ВМРО-ДПМНЕ

А1он

Левица: Фантом фирма од Битола добива милионски тендери

А1он

(ВИДЕО) Апасиев: Вашата разбојничка банда не може да има монопол на историското име ВМРО

Левица: Потпретседателот на УМС Филип Ѓорѓиев партиски вработен во М-НАВ